Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА ПОМЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ И МИНИСТЕРОТ ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

Претседателот на ССМ, м-р Дарко Димовски согласно предходно договорената динамина за одржување на редовни состаноци и Министерот за труд и социјална политика, Мила Царовска, одржаа редовна средба на која покрај другото беше дискутирано и беа презентирани барањата и активностите кои ги спроведува ССМ, а кои се однесуваат на доставениот текст на нов Закон за работните односи изготвен од страна на ССМ, а усвоен од страна на Претседателството на ССМ, за предлогот на ССМ за зголемување на Минималната плата за најмалку 12 %, односно нејзино зголемување на околу 13.621 денар колку што изнесуваат трошоците за храна и пијалоци согласно Синдикалната минимална кошница која ја пресметува ССМ како и за други прашања поврзани со унапредување на правата на работниците.

Претседателот на ССМ, го поздрави  формирање на работна група која ќе работи на нов Општ колективен договор за јавниот сектор што беше и  предлог на ССМ кој претставува  една од програмските заложби на ССМ, а дополнително го информираше Министерот за одржаните 2 состанока со Организацијата на работодавачи на Македонија на кој се дискутира по предлог текстот на ССМ за нов Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

На средбата уште еднаш беше потврдено значењето на Социјалниот дијалог помеѓу социјалните партнери на сите нивоа, што е и една од заложбите на ССМ како единствен Репрезентативен сицијален партнер кој ги претставува и застапува работниците.

Во иднина ќе продолжат редовните средбите помеѓу ССМ и МТСП на сите новоа,а истите ќе бидат исклучиво во насока на подобрување и унапредување на правата на работниците.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.