Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА ПОМЕЃУ РАКОВОДСТВАТА НА ССМ И ССК

Денеска во просториите на Сојуз на стопански комори на Македонија се одржа средба помеѓу Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски и Претседателите на синдикатите од приватниот сектор со Претседателката на ССК, Данела Арсовска и Претседателите на Коморите од приватниот сектор на која се разговараше за унапредување на соработката помеѓу двете организации како национално така и на секторско ниво односно на ниво на гранка, се со цел зајакнување и унапредување на правата на работниците.

Во изминатиот период голем дел од предлозите за надминување на проблемите предизвикани од здравствената криза поврзана со КОВИД - 19, од двете оргнизации беа во слична насока без да предизвикуваат штета на двете страни па беше договорено во наредниот период заеднички да се настапи се со цел изнаоѓање на заеднички решенија за подобрување на целокупната социо-економска ситуација во Државата.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.