Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА ПОМЕЃУ СИНДИКАТИТЕ ОД ЈАВЕН СЕКТОР ВО ССМ СО МИНИСТЕРОТ ДАМЈАН МАНЧЕВСКИ

На барање на Сојузот на синдикатите на Македонија и синдикатите од Јавниот сектор здружени во ССМ, во ССМ се одржа средба со Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на која се дискутираше по информацијата од 6 седница на Владата на Република Северна Македонија на која Владата ја разгледала  и усвоила Информацијата и го утврдила текстот на Гранскиот колективен договор, и  го овластила министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски да го потпише Гранскиот колективен договор.

Слика 1. Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски, Претседателот на МПС Марјан Кицев, Претседателот на СРСВМ Миќо Стојановски, Претседателот на ССЗФСЗ Љубиша Каранфиловски, Претседателот на СФДМ Гоце Селовски, Претседателот на АГРО Живко Даневски и Министерот на МИОА Дамјан Манчевски.

Слика 2. Учесници на средбата, Претседатели на Синдиктите здружени во ССМ од Јавниот сектор

Од страна на Претседателите на Синдикатите здружени во ССМ од Јавниот сектор на министерот му беа укажани дилемите  кои кај синдикатите произлегоа од таквата информација за која предходно синдикатите од Јавниот сектор не биле информирани со оглед на тоа што во секторот во кој се предвидува склучување на Грански колективен договор има повеќе Репрезентативни синдикати.

Истовремено  беше укажано дека Сојузот на синдикатите на Македонија е единствен репрезентативен синдикат  на територија, во јавниот и приватниот сектор, и има  репрезентативност за склучување на КД во јавниот и приватниот сектор, па од страна на Владата и надлежните министерства, потребно е да се води сметка за почитување на Законската регулатива при потпишување на Колективните договори за да не се дозволи истите да бидат на штета на работниците, односно да е се дозволи ставање во понеповолна положба на голем број од вработените во јавниот сектор.

Од страна на претставниците на ССМ, беше побарано, Владата, да укаже на сите институции и државни органи за кои е надлежна Владата, министерствата и општините, кои во своите Колективни договори немаат одредби за исплата на регрес за годишен одмор, во најкус рок истите да го утврдат тоа право преку измена на Колективните договори или склучување на нови Колективни договори што е исклучиво во насока на унапредување на правата на сите работници без исклучок со што ќе се реализира исплата на регресот за годишен одмор со потпишување на ОКД за јавен сектор. 

Истакнуваме дека голем дел од синдикатите веќе имаат предвидено право на регрес на годишен одмор и утврдено поголеми права од оние кои се дискутираат во јавноста во своите колективни договори.

Истовремено Ве информираме дека на барање на Сојузот на синдикатите на Македонија, во текот на вчерашниот ден се одржа работен состанок во Владата, помеѓу Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски и  Претседателот на Владата, Оливер Спасовски и Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска.

На состанокот беше дискутирано за потребата од потпишување на општиот колективен договор за јавен сектор и утврдување на правото на регрес за годишен одмор за сите вработени во јавниот сектор без ставање во понеповолна положба на една категорија на вработени наспроти друга категорија на вработени, а беше потсетено дека ССМ има изготвено и предлог текст на ОКД за јавниот сектор и беше иницијатор за повторно формирање на Комисија која ќе работи на текстот на ОКД за јавниот сектор која веќе одржа и неколку состаноци.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.