Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА ПОМЕЃУ ССМ И МТСП ЗА ПРЕДЛОГ ЗРО ИЗГОТВЕН ОД ССМ

Денес, во Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа средба помеѓу членови на Комисијата за преговори по предлог текстот на нов Закон за работните односи од ССМ и претставници на Министерството за труд и социјална политика.

На состанокот беше презентиран текстот на нов Закон за работните односи изготвен од страна на ССМ и доставен до МТСП, а подетално беа образложени и сите предложени измени кои се составен дел во предложеното Законско решение од страна на ССМ, а кои се исклучиво во насока на унапредување на работничките права и нивно приближување со правата кои ги имаат работниците во ЕУ.

Сојузот  на синдикатите на Македонија, е единствениот социјален партнер кој изготви свој текстот на нов Закон за работните односи, а со тоа уште еднаш ја потврди позицијата на  заштитник на работничките права во Македонија.

Слика 1. Членовите на Комисијата од ССМ и претставниците од МТСП

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2019 | Сите права се задржани.