Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА ПОМЕЃУ ССМ И ОРМ

Денеска во ССМ се одржа состанок помеѓу Сојузот на синдикатите на Македонија и дел од синдикатите од приватниот сектор предводени од Претседателот Дарко Димовски и

Организација на работодавачи на Македонија - ОРМ и Претседателот Анѓел Димитров на која се дискутираше за социјалниот дијалог помеѓу двете организации, за потребата од изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството во кој ќе се утврдат поповолни права за работниците кои ќе претставуваат насока во која треба да бидат предвидени решенијата и во новиот Закон за работните односи.

Претседателот на ССМ, Димовски и Претседателот на ОРМ, Димитров се согласија дека е потребно што поскоро донесување на новиот Закон за работните односи во чија подготовка најголем дел од предлозите се веќе усогласени.

Во овие исклучително сложени услови како за работниците така и за работодавачите, Социјалниот дијалог треба да биде најважна алка за надминување на проблемите на работниците и работодавачите.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.