Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА ПОМЕЃУ ССМ И ССК

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски оствари средба со Данела Арсовска, Претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.

На средбата се дискутираше за потребата од продлабочување на соработката помеѓу ССМ и ССК, активностите кои ги спроведуваат ССМ и ССК во борбата со последиците од здравствената криза и надминување на истите како и за активностите по однос на новиот Закон за работните односи.

ССМ и ССК во наредниот период заеднички ќе работат здравствената криза да не премине во криза на пазарот на трудот.

Слика 1. Претседателот на ССМ, Дарко Димовски и Данела Арсовска, Претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2020 | Сите права се задржани.