Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА ПОМЕЃУ ССМ, СТКЧ И РАКОВОДСТВОТО НА БАРГАЛА ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ СО КОЈ СЕ СООЧЕНИ РАБОТНИЦИТЕ

Денеска се одржа состанок помеѓу Раководството на Баргала АД Штип, Сојузот на синдикатите на Македонија и претставници на работниците, на кој се разговараше за состојбата во која се наоѓа компанијата и реакциите на работниците за задоцнетите плати и неисплата на разликата на плата.

На состанокот Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски и Претседателот на СТКЧ Љупчо Радовски, заедно со работниците и Кристина Ампева од Гласен Текстилец се договорија со Раководството на Баргала АД Штип претставувано од Наум Барзов, Борче Момчилов и Тања Драгалска дека потребно е надминување на состојбата во која се наоѓаат работниците во оваа Штипска компанија.

На средбата беа утврдени неколку можни решенија за надминување на тешката состојба во која се наоѓаат работниците и беа усогласени неколку предлози и тоа:

-да продолжи редовна исплата на платата работниците

-започнувајќи од платата за месец септември до месец март 2021 година, месечно да се исплаќа и разликата на

плата која работодавачот не им ја исплатил на работниците за 3 месеци по 30%, како и разликата на плата од 10% која била помалку исплатена за месец февруари

-со посредство на ССМ, договорено е придонесот за здравствено осигурување да се исплаќа авансно, а со тоа работниците непреќинато да користат здравствени услуги во наредните месеци се додека не се исплати целокупниот заостанат долг кон работниците од страна на работодавачите

За овие предлози кои се прифатливи и за работниците и за работодавачите, договорено е да се оствари уште една средба наредниот вторник на која ќе се склучи спогодба помеѓу ССМ и СТКЧ од една страна и Раководството на Баргала АД ШТип од друга страна.

ССМ и СТКЧ договорија со Раководството на Баргала АД Штип, да не се преземаат никакви мерки за работниците кои во текот на вчерашниот ден одржаа протест пред влезот на Компанијата, како и во иднина да се почитуваат одредбите од ЗРО и Колективниот договор.

Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со Синдикатот за текстил, кожа и чевли ( СТКЧ ), од самиот почеток на проблемите се заедно со работниците за заштита на нивните права, а на инсистирање на ССМ, беше предвремено исплатена и финансиската поддршка за голем број на текстилни компании.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.