Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ НА ФОНДАЦИЈАТА ФРИДРИХ ЕБЕРТ

Слика 1. Средба на претседателот на ССМ, м-р Дарко Димовски со нерезидентниот директор на ФЕС, Франк Хантке

Денес во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија, претседателот на ССМ, м-р Дарко Димовски одржа работна средба со нерезидентниот директор на Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија на ФЕС Косово, г. Франк Хантке и координаторот на Канцеларијата на ФЕС во Скопје, г. Милан Живковиќ.

Главна тема на состанокот беше зајакнување на соработката помеѓу Сојузот на синдикатите на Македонија и Фондацијата Фридрих Еберт во идниот период, со посебен акцент на поддршката на Фондацијата Фридрих Еберт во делот на активностите на ССМ поврзани со зајакнување на капацитетите, комуникацијата и транспарентноста на работењето на синдикатите, како и активностите на ССМ за вклучување на младите во синдикатот, враќање на довербата и подобрување на имиџот на ССМ.    

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2018 | Сите права се задржани.