Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА СО ЕКСПЕРТ ОД ФРАНЦИЈА

Во склоп на твининг проектот „Развивање на соработката помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните државни органи“, кој се одвива во рамките на Министерството за образование и наука, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски и секретaрот на ССМ, Методија Димевски, остварија работна средба со експерт од Франција, г. Филип Габриел.

Слика 1: Претседателот на ССМ, д-р Митревски и секретарот на ССМ, Димовски, со експертот од Франција г. Филип Габриел

 

Ова беше една од средбите кои беа организирани заедно со социјалните партнери.

На состанокот се разговараше за гледиштето на Економско социјалниот совет во врска со Одборите за доверба и соработка со јавноста формирани на универзитетите, согледувања за врските помеѓу високото образование и приватниот сектор, каква е комуникацијата со универзитетите и што сметаме дека е добра практика за соработка помеѓу високообразовните институции и приватните компании.

На состанокот претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, најпрвин го запозна експертот со структурата, начинот на делување и планот за работа на ССМ и функцијата и работата на Економско социјалниот совет и Локалните економско социјални совети.

Главна цел беше да се запознае експертот со учеството на социјалните партнери во врска со усогласувањето на образованието со потребите на пазарот на трудот.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.