Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА СО РЕГИОНАЛНИОТ ПРОГРАМСКИ ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА СОЛИДАРНОСТ

12.12.2017

Слика 1. Регионалниот програмски директор на Центарот за солидарност, Руди Портер со претседателот на ССМ, Дарко Димовски

Денес, во просториите на Сојузот на синдикати на Македонија се одржа работна средба помеѓу Регионалниот програмски директор на Центарот за солидарност, интернационален институт за синдикални права во асоцијација со најголемата американска федерација на синдикати, AFL- CIO, г-динот Руди Портер и претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

На средбата, директорот на Центарот за солидарност беше запознаен со тековната состојба со работничките права и односи во земјата, главните проблеми со кои се соочуваат синдикатите и работниците во Р. Македонија, спроведувањето на законите, владеењето на правото, сивата економија, мигрантските работници, како и прашањата поврзани со родовата еднаквост. Воедно, на средбата беше разговарано и за прашањето за идната соработка помеѓу овие две партнер организации.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2018 | Сите права се задржани.