Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА ВО ВЛАДАТА НА РМ

6.2.2017

Раководството на Сојузот на синдикатите на Македонија, предводено од претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и секретарот на ССМ, Методија Димески, во контекст на решавањето на проблемот на статусот и неисплатените плати во претпријатието Колска Велес, денес во Владата на РМ одржаа средба со премиерот на Република Македонија, г-динот Емил Димитриев.

На средбата претседателот на синдикалната организација на Колска Велес, Слободан Димитриевски, заедно со претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и секретарот на ССМ, воедно и претседател на СРСВМ, Методија Димески ги образложија моменталните состојби поврзани со функционирањето на Колска Велес, а особено со потребата од решавањето на статусот на ова претпријатие.

Од страна на премиерот на Владата на РМ, г-динот Емил Димитриев беше потврдена стратегијата на Владата на РМ со цел да се помогне на вработените да се реши статусот на ова претпријатие, да се реализира динамиката која предвидува влегување во системот на МЖ на Колска Велес, а со цел да се надмине проблемот и со платите, да се продолжи договорот на Колска Велес со Македонски Железници поврзан со репарирањето на вагоните во рамките на МЖ.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.