Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ бара итен сет мерки за заштита на работниците

Почитувани,

Сојузот на синдикатите на Македонија  бара да се преземат сите напори да им се помогне на работниците, претпријатијата и јавните служби да ја преживеат кризата, така што ќе можат нормално да се вратат на своите активности кога истата ќе заврши.   

Сите мерки треба да бидат насочени кон зачувување на работните места, а во меѓувреме да се заштитат од невработеност и загуба на приходи и да се ублажат финансиските загуби.

Лугето кои се болни, кои се грижат за семејството или не се во состојба да работат заради Коронавирусот, не треба да страдаат финансиски, па поради тоа од страна на Владата потребно е да се обезбеди финасиска помош за сите вработени.

Во оваа насока, ССМ укажува:

  • Владата да  обезбеди  финансиска помош за работниците кои се болни или водат грижа за член на семејство со Ковид - 19 (финансиски средства,отпис на камати по основ на кредити, намалување или ослободување од режиските трошоци и сл.);
  • Има потреба од  преземање на мерки и обезбедување на финансиска помош за самовработените работници, интелектуалните дејности кои не можат да ја обавуваат дејноста поради вирусот (определен износ на средства за егзистенција на семејствата даночни ослободувања или намалување на даночните обврски)
  • Владата да обезбеди финансиска помош и поддршка за компаниите кои нема да можат да ги обавуваат деловните потфати заради вирусот или ќе ги обавуваат со значително намален обем,  првенствено и исклучиво за  обезбедување на  средства за плата на работниците;
  • Компаниите да  обезбедат средства за хигиена  за вработените кои се на работните места согласно препораките на СЗО (како и препораките на Владата на СРМ) како и соодветна хигиенска заштита на просториите и објектите;
  • Компаниите да обезбедат хигиенски средства за  заштита на потрошувачите и корисниците на услуги и да се предвиди динамика и начин на користење на услугите без присуство на голем број лица во просториите (согласно препораките на СЗО и Владата на СРМ);
  • Владата да обезбеди хигиенски средства за заштита на вработените во јавните претпријатија и установи;
  • Да се направи реорганизација на работењето и намалување на бројот на вработени на работните места, ротација на вработените ангажирани на работните места (да се воведе работа од дома, клизно работно време и сл) за кои ќе се исплаќа 100 % плата;
  • Целосно да се почитуваат препораките за ослободување од работа на работниците со деца до 10 години, хронично болните вработени и сл.;

ССМ им укажува на работниците и  работодавачите редовно да ги следат состојбите и ажурирањата од надлежните органи и да ги следат постапките на надлежните здравствени установи.

ССМ во име на работниците, секаде каде што ќе добие информација дека не се почитуваат препораките, ќе интервенира и пријави  до  надлежните инситуции и ќе настојува истите да ги превземат сите активности во рамките на нивните надлежности и да ги санкционираат сите кои нема да ги почитуваат препораките и мерките.

Со оглед на тоа што ССМ е единствен репрезентативен синдикат и кој во овие моменти води грижа и за работниците кои секојдневно се изложуваат или се изложени на можноста од заразување од Коронавирус COVID-19, за сите прашања или потреба од некаква помош или заштита од ССМ, работниците  може да ги контактираат службите на ССМ.

Со почит,

Сојуз на синдикатите на Македонија

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2020 | Сите права се задржани.