Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ БАРА САБОТА И НЕДЕЛА ДА БИДАТ ДЕНОВИ НА НЕДЕЛЕН ОДМОР

Сојузот на синдикатите на Македонија во рамките на активностите за изготвување на нов Закон за работните односи достави свој предлог на Законот за работните односи до Министерството за труд и социјална политика во текот на февруари 2019 година.

Покрај другите предлози за унапредување на работното законодавство, а во насока на заштита на работничките права  и обезбедување на баланс помеѓу работата и семејството, ССМ предложи ден на неделен одмор по правило да биде сабота и недела.

Традиционално во нашата држава и во државите на нашето опкружување се прифаќа дека саботата и неделата се денови на неделен одмор заради почитување на семејните традиции и заштита на правата што е во согласност со Конвенцијата на МОТ бр.106 за неделен одмор.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.