Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ БАРА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ЈУНСКАТА ПЛАТА ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ДИРЕКТНО НА СМЕТКИТЕ НА РАБОТНИЦИТЕ

ПОСЛЕ РЕАКЦИЈАТА НА ССМ, ГАЗДИ КОИ НЕ ИСПЛАТИЛЕ 14.500 ДЕНАРИ НА ВРАБОТЕНИТЕ ЗА КОИ ПОБАРАЛЕ И ДОБИЛЕ ПОМОШ, ЌЕ ТРЕБА ДА ГИ ВРАЌААТ ПАРИТЕ НАЗАД, ЗАЕДНО СО КАМАТА‼

Поттикнати од недостатоците и злоупотребите кои излегоа на виделина во изминатиот период и по пријавите дека на работниците им исплаќаат понизок износ на плата од она кое што го добиле како помош, а некој воопшто не исплатиле плати на работниците, за да се избегнат злоупотребите од страна на Работодавачите при исплата на платата од средствата добиени како финансиска поддршка од Државата, ССМ бара мерката да се продолжи но субвенциите за јунската плата да се исплаќаат директно на сметките на работниците.

По укажувањето на ССМ за појави во одредени компании кога работодавачите иако добиле субвенции од Државата во висина од 14.500 денари по работник за исплата на платата, на работниците им исплаќаат понизок износ на плата од она кое што го добиле како помош, а има и такви компании кои иако земале Државна помош воопшто не исплатиле плати на работниците, Управата за јавни приходи информираше дека е во постапка на вршење на анализа на компаниите на кои им е исплатена финансиска поддршка и на податоците за пресметани и исплатени плати од нивна страна. За компаниите каде ќе бидат утврдени неправилности, Управата за јавни приходи по службена должност ќе ги достави податоците до Државниот инспекторат за труд и заеднички и координирано ќе постапува.

Согласно член 6 од Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот цовид-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, работодавачот кој користел финансиска поддршка за исплата на плати има обврска да ги врати добиените финансиски средства во целост, заедно со камата согласно со Законот за даночната постапка, доколку по извршена контрола од страна на Управата за јавни приходи и/или Државниот инспекторат за труд се утврди дека работодавачот не ги исполнил условите од членот 3 став (5), членот 4 и ставот (2) на овој член од оваа уредба со законска сила.

УЈП ќе почне со проверки за тоа дали е спроведена исплатата на работниците кај сите компании кои добиле финансиска помош. До УЈП стигнуваат претставки за непочитување на оваа мерка истакнаа од УЈП.

После реакцијата на ССМ, УЈП заедно со Трудовиот инспекторат ќе прават контроли во сите оние компании кои земале финансиска поддршка од 14.500 денари, а на работниците не им исплатиле ништо или им префрлиле помал износ од тој што го добиле.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.