Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ БАРА, УЈП СО ПРИСИЛНА НАПЛАТА ДА ОБЕЗБЕДИ ПЛАТА НА ОШТЕТЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

Иако со поддршката за исплата на плати, која на барање на ССМ продолжи да важи и за последниот квартал од годината, односно и за месеците октомври, ноември и декември и со која директно се зачуваваат работните места, со што на 12.598 работодавачи им се исплатени вкупно 961.613.984 денари, за вкупно 61.556 вработени, повторно 179 несовесни работодавачи (газди), на 338 работници не исплатиле плата за месец октомври, а за тоа добиле средства како финансиска поддршка за исплата на платите.

Загрижува и фактот што голем дел од овие така наречени ,,газди", се истите оние што на предлог на ССМ беа јавно објавени дека ја злоупотребиле и првата финансиска поддршка за исплата на платите за месеците април, мај и јуни и против кои се поведени соодветни кривични постапки, нешто што никако не смеело да се дозволи да се случи.

Барањето на ССМ, финансиската поддршка да се исплати директно на сметките на работниците беше одбиено со образложение дека системот на УЈП не можел да го спроведе тоа, а истиот тој систем дозволи, Државата по четврти пат да биде изиграна и опљачкана од истите ,,газди" за 5.271.771 денари од финансиската поддршка, така и за најмалку 2.000.000 денари за придонеси кои ќе беа уплатени во Државна каса, а со тоа и исто толку месеци работниците да останат без основна егзистенција и плата.

На работниците не им требаат долги процедури и постапки, туку им треба платата за овие месеци, па потребно е што поскоро да се овозможи да им се исплати истата на нивните сметки.

За тоа бараме нај итно од УЈП блокираните средства да ги прераспределат на сметките на оштетените работници за плата, за да можат работниците го надминат овој тежок период за нив и нивните семејства.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2021 | Сите права се задржани.