Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ БАРА ЗАШТИТА НА РАБОТНИЦИТЕ ОД СТУДЕНИТЕ БРАНОВИ

За Сојузот на синдикатите на Македонија, една од приоритетните активности е безбедноста и здравјето при работа на работниците, па поради тоа, ССМ БАРА ЗАШТИТА НА РАБОТНИЦИТЕ ОД СТУДЕНИТЕ БРАНОВИ и почитување на препораките на Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови, при Министерството за здравство, по добиената најава од Управата за хидрометеоролошки работи за студен бран од портокалова фаза на ниво на целата држава, за (четврток) 1.3.2018 година.

ССМ бара работодавачите да водат грижа за безбедноста и здравјето при работа на работниците и за таа цел, согласно препораките, да се ослободат од работни обврски бремените жени и лицата над 60-годишна возраст, а за работниците коишто работат на отворено, се препорачува реорганизација на работното време од 10 до 16 часот, со повремени паузи на секои два часа по половина час, во топла просторија и со топли напитоци, со цел заштита на нивното здравје.

ДА ГО ЗАШТИТИМЕ ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ ВО УСЛОВИ НА СТУДЕНИ БРАНОВИ И ЛОШИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.