Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ ГО ОДБЕЛЕЖA 7МИ ОКТОМВРИ, СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ПРСТОЈНА РАБОТА

Слика 1. Присутни на настанот

Денеска во Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) се одржа работилница на тема: "Пристојна работа" и испратено соопштение до сите медиуми со што и оваа година работно беше одбележан 7 октомври „Светскиот ден на пристојната работа“.

На настанот покрај раководството на Сојузот на синдикатите на Македонија претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и секретарот на ССМ, Методија Димески, присуствуваа координаторите и вработените од регионалните синдикални претставништва (РСП) и регионалните канцеларии (РК) од Сојузот на синдикатите на Македонија. 

Главната цел на работилницата беше промоција на важноста на Програмата на пристојна работа потпишана во Македонија за периодот од 2015-2020 година, како и политиките, заложбите и активностите на Сојузот на синдикатите на Македонија. Во оваа насока беше претставен и разгледан Законот за мирно решавање на работните спорови како закон што произлегуваат од обврските предвидени со Програмата за пристојна работа.

Слика 2. Претседателот Митревски на одбележување на Денот на пристојна работа

Работилницата беше отворена од страна на претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, кои укажа на значењето на овој ден и ги потенцираше кампањите кои се водат на ниво на Светската организација на синдикати (ИТУЦ). Тој воедно ја истакна идејата од каде произлегува концептот за пристојна работа со што потенцираше дека: „Синдикатот е определен да се бори за да се ценат вредностите на трудот, да се следи трендот на остварување и зголемување на работничките права согласно воспоставените стандарди признати во светот“.

Во првата сесија од работилницата г-ѓа Лиле Петрова, правник, од секторот за прави работи во ССМ, даде краток осврт на главните теми кои се опфатени со Програмата за пристојна работа и укажа на обврските кои произлегуваат од оваа програма а кои се во директна корелација со работните обврски кои треба да ги извршуваат координаторите во РСП и РК.

Во втората сесија од овој настан од страна на м-р Лидија Насковска, советник на претседателот на ССМ за проекти и ЕУ интеграции, воедно и лиценциран арбитер/помирувач во работни спорови од страна на Министерството за труд и социјална политика на Р. Македонија, беше презентиран Законот за мирно решавање на работни спорови. Со последните измени, овој Закон целосно се имплементира во Македонија и се воспостави ефикасен механизам за решавање на колективни и на одделни индивидуални работни спорови по вон судски пат. Глава задача на регионалните синдикалните координатори е давање на бесплатна правна помош. Со што со нудење на можноста на овој закон се отвора начин за побрзо решавање на овие спорови.

На крај од работилницата беше развиена дискусија на која учесниците прашуваа за одредени конкретни проблеми од терен и можноста за нивно решавање на овој начин.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.