Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ И ГРИЖАТА ЗА МИГРАНТСКИТЕ РАБОТНИЦИ

Слика 1. Претседателот Митревски на работната средба

Во рамките на спроведување на една од целите на Сојузот на синдикатите на Македонија за грижа и на мигрантските работници, претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, заедно со секретарот на Советот на ССМ, Методија Димески, учествуваа на работна средба во канцеларите на Советот на Европа во Република Македонија на ден 4.4.2017 година. Средбата беше поврзана со реализација на проектот: „Трговија со луѓе со цел трудова експлоатација“ на кој покрај претставниците на ССМ, присуствуваа и претставници од невладини организации, Агенцијата за привремени вработувања, како и претставници од научната и експертската јавност.

Од страна претседателот Митревски беше образложена активноста и политиките на ССМ во врска со мигрантскиот предизвик во РМ, политиките поврзани со редефинирање на позициите на синдикатите и нивно усогласување со заедничкиот европски синдикален одговор, имајќи ја предвид и хуманата димензија на овој проблем.

Духот на синдикализмот и на ССМ секогаш бил поврзан со спроведување на хуманоста, солидарноста, борбата за човекови права, правото на достоинствен живот, а сето тоа е вклучено во фокусот и стратегијата на решавање на мигрантската криза.

Во овој контекст ССМ спроведуваше и спроведува активност поврзана со промовирање на правата на работниците мигранти преку примена на соодветните конвенции на МОТ, ОН и Советот на Европа, кои се во насока на спроведување на безбедна трудова миграција, праведно регрутирање и пристап до формално вработување, зајакнување на капацитетите на синдикатите во преговорите за трудова мобилност, градење на соодветни миграциски политики, борба против дискриминацијата, нееднаквоста и ксенофобичните ставови кон мигрантите, обезбедувајќи можности за кампањи за развој и нивна инклузија.

Во рамките на ваквиот концепт, како што истакна Митревски потребно е развивање на кампањи на ратификација на сите релевантни конвенции на МОТ за работници мигранти, Конвенцијата на ОН од 1990 г., Конвенцијата бр. 189 и Протоколот за принудна работа. Во овој контекст посебни се и заложбите за вмрежување на синдикатите во реализација на правата на работниците мигранти, изработка на т.н. мигрантски пасоши и давање на услуги за поддршка и меѓу- гранична синдикална соработка.

ССМ пред претставниците од Советот на Европа го истакна и значењето од благовремено споделување на информации и вклучување на синдикатите во заедничките активности кон справување на проблемите на мигрантските работници.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.