Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ ЈА ПРОШИРУВА БОРБАТА ЗА РАБОТНИЧКИ ПРВАВА И ЗА ВРЕМЕНИТЕ РАБОТНИЦИ - ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА –

12.6.2017

Слика бр.1: Ппретседателот на ССМ а прес-конференцијата

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, одржа прес-конференција на која како глава тема беше Предлог– Законот за приватните агенции за привремени вработувања и информацијата во врска со доставување на барањата до Владата по однос на Протоколот за социјален напредок.

На прес- конференцијата претседателот Митревски, ги информираше новинарите за предлог- законското решение за приватните агенциите за привремени вработувања, кое беше разгледано и одобрено на последната седница на Економско- социјалниот совет и кое во наредниот период треба да влезе во владина процедура.

Со овој Предлог-закон, работниците кои се вработени преку агенциите за привремени вработувања ќе ги имаат истите права како и останатите вработени согласно Законот за работни односи.

Претседателот на ССМ Живко Митрески истакна дека со овие законски измени бенефит ќе имаат 5.131 работник.

– Со овој предлог закон се овозможува целокупните одредби од Законот за работни односи да важат за сите работници, односно и за работниците кои ги отстапува агенцијата за привремено вработување. Тие ќе важат во делот на плата, безбедноста и здравјето при работа, заштитата на посебните категории на работници, на жените за време на бременост, колективно договарање, правото на минимална плата, работно време и други работни услови. Важно е и тоа дека со член 21 и член 24 се регулира правото на слобода на синдикално организирање и колективно преговарање и сл.

Во однос на Протоколот за социјален напредок претседателот Митревски истакна дека истиот помина како предлог на Економско социјалниот совет и истиот е ставен во Годишната програма за работа на истиот. Сега согласно планот барањата ќе бидат доставени до Владата меѓу кои како првични ќе бидат, зголемување на минималната плата, кое беше и најавено од страна на Владата, потоа правење на стратегија за плати, воведување на 30% вработени на неопределено работно време, намалување на времето поминато на определено работно време на работниците  од 5 на 3 години, ослободување од персонален данок за одредени надоместоци, формирање на солидарен социјален фонд и сл.

Меѓу другото на прес-конференцијата претседателот Митревски им соопшти на новинарите дека на денешната седница на Извршниот одбор на Претседателството на ССМ е проследена постапката за отпочнување на преговарање во врска со продолжување на Колективниот договор за приватен сектор од областа на стопанството, додека за Колективниот договор за јавниот сектор преговорите се очекува да отпочнат после анализите за реализација заедно со другите репрезентативни синдикати.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.