Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ- НАДМИНУВАЊЕТО НА КРИЗАТА, ПОЧИТУВАЊЕТО НА УСТАВОТ, НОРМАЛЕН ПРОЦЕС НА РАБОТА, ЗАШТИТА НА УНИТАРНОСТА И СУВЕРЕНИТЕТОТ НА ДРЖАВАТА- ПРИОРИТЕТ ЗА СИТЕ

Повикувајќи се на основните демократски вредности, втемелени во член 32 од Уставот на РМ за остварување на правото за работа, слободен избор, заштита при работењето, повикувајќи се на принципите промовирани од ИТУЦ и ЕТУЦ за заштита на ова право, повикувајќи се на Меморандумот за заедничка соработка на синдикалните централи во РМ и повикот од сите синдикати, ССМ ја изразува својата загриженост за ескалацијата на политиките, а се поевидентни и економски состојби во државата, апелира и бара до сите инволвирани во овој процес, во интерес на стабилноста на државата, во интерес на просперитетот на македонското општество, во интерес на обезбедување на нормален процес на работа, во интерес на обезбедување на социјално, материјалната и економска состојба на работниците и граѓаните во РМ да ги преземат сите уставни и законски надлежности за справување со кризата.

ССМ ги повикува и бара сите актери и субјекти во оваа криза да пристапат кон нејзино надминување, водејќи се и почитувајќи ги принципите на почитување на Уставот, унитарниот карактер на државата, државниот суверенитет и интегритет, рамноправност и интегритет на народот и граѓаните и мултиетничкиот карактер на државата.

ССМ во интерес на спроведување на овие основни уставни вредности и принципи повикува на нивно почитување како основа која ќе овозможи натамошен просперитет на граѓаните и работниците во РМ. Убедени сме дека сите синдикални централи, потписници на Меморандумот за заедничка соработка и сите останати синдикати ќе го дадат максимално својот придонес во остварување на гореспоменатите вредности и цели како основи кои ќе овозможат натамошен просперитет на граѓаните и работниците во РМ.

За ССМ, надминувањето на кризата, доследното почитување на Уставот, законитоста, унитарноста и суверенитетот на државата и заедничкото живеење е приоритет на сите и основен предуслов за мирен и спокоен живот и развој на РМ.  

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.