Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ ПОБАРА ИТНО РАЗРЕШУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО БЛОКАДИТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН

Слика 1. Блокади на граничниот премин Евзони

 

Сојузот на синдикатите на Македонија е длабоко загрижен за блокадата на грчките земјоделци на граничниот премин со Република Грција за што претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски испрати соодветно известување до Европскиот Комесар, Јоханес Хан, Шефот на Мисијата на ЕУ, г-динот Самуел Жбогар, Амбасадорот на Р. Грција во РМ, Димитриос Јанакакис, грчките синдикати, како и до Европската и Меѓународната конфедерација на синдикати.

Во прилог е интегралниот текст од писмото.

 

 

Почитувани колеги и колешки, браќа и сестри,

Сојузот на синдикатите на Македонија и здружените синдикати во него, ја изразуваат својата загриженост поради блокадата на границата со нашата држава, која поради негативните последици кои се веќе видливи врз стопанството, дополнително влијаат врз влошување на економско финансиското работење на компаниите, а со тоа директно влијае врз загрозување на социјално- материјалната и економската состојба на работниците кои работат во тие компании.

Блокадите на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони можат да предизвикаат и други дополнителни негативни финансиски импликации врз националните економии, што сигурно ќе се одрази дополнително негативно врз егзистенцијата на работниците кои работат во овие компании и што може да се рефлектира со појавата на задоцнување на плати, непримање на плати и сл.

Во интерес на зачувување и обезбедување на економската стабилност, но и на социјално- материјална и економска стабилност на работниците, апелираме до вас и се надеваме дека активно ќе се вклучите во надминување на ваквите состојби кои ќе обезбедат нормализирање на нарушените сообраќајни комуникации.

Се надеваме дека Вашето вклучување и вклучувањето на сите други надлежни субјекти ќе обезбеди нормализирање на сообраќајните комуникации што е основна претпоставка за натамошно развивање, не само на бизнис комуникациите туку и е основа за подобрување на социјално- материјалната и економска состојба на работниците во двете држави.

 

Со братски поздрав,

           

 

                                                                                  Сојуз на синдикатите на Македонија

                                                                                                    претседател,

                                                                                              д-р  Живко Митревски                     

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.