Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ ПРЕДЛАГА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА

На иницијативата на Сојузот на синдикатите на Македонија, беше донесен Законот за минимална плата со цел  да се заштитат работниците од прекумерно ниските плати кои се исплаќаат во државата а воедно утврдената минимална плата птретставува и  еден елемент на политиките за сузбивање на сиромаштијата и намалување на нееднаквоста, вклучувајќи ја онаа меѓу мажите и жените, преку промовирање на правото на еднаков надоместок за работа со иста вредност.

ССМ смета дека има простор  да се зголеми минималната плата која во моментот изнесува  12.165,00 денари.

Потсетуваме дека согласно Законот, во март ни претстои законско усогласување на минималната плата по утврдените критериуми, кое министерот  за труд и социјална политика ќе го објави  во Службен весник по претходно мислење на Економско – социјалниот совет изградено по пат на социјален дијалог со активно учество на синдикатите како претставници на работниците и работодавачите.

Сојузот на синдикатите на Македонија во континуитет се залага и бара зголемување на минималната плата се со цел подобрување на стандардот на работниците со најниски плати и на нивните семејства.

ССМ укажува дека во услови кога Синдикалната минимална кошница за јануари 2019 година изнесува 32.761,00 денари, а само трошоците за храна изнесуваат 13.621,33 денари, постои реална потреба од зголемување на минималната плата која согласно Европските препораки и тенденции треба да изнесува 60 % од просечната плата во државата.

Пресметките на ССМ покажуваат дека има потреба од зголемување на минималната плата за најмалку 12 % со што ќе се приближиме до европскиот тренд на висина на минимална плата имајќи ги предвид  пред се заложбите на државата за побрзо интегрирање во Европското семејство.

Сојузот на синдикатите на Македонија е спремен за отпочнување на социјален дијалог во врска со ова предложено зголемување на минималната плата која ќе биде основа за зголемување на платите на сите вработени.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2019 | Сите права се задржани.