Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ ПРОДОЛЖУВА СО АКТИВНОСТИТЕ ЗА ЗАЧЛЕНУВАЊЕ НА НОВО ЧЛЕНСТВО

5-7.9.2016

Слика 1. Претседателот Митревски на работилницата

Во рамките на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, финансиран од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), а спроведуван од страна на Меѓународната организација на трудот (МОТ), во Скопје од 5-7 септември 2016 година се одржа работилница за обука за организирање и мобилизирање на ново членство.

На работилницата за целите и потребата од натамошно организирање зборуваше Григор Градев, виш експерт за работнички активности, додека пак  работилницата беше отворена од страна на претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски кој во воведното обраќање укажа на значењето на организирањето и мобилизирањето на ново членство како неопходна потреба за натамошно унапредување на синдикалното движење во РМ, но и како глобален предизвик за синдикатите во целиот свет.

Слика 2. Присутни на работилницата

Потребата од синдикалното организирање во РМ е уште покомплексна ако се има во предвид дека голем дел од синдикатите се уште своето организирање го темелат на класични методи, па оттаму разменатa на искуства и запознавањето со новите техники и методи, како и нови алатки за организирање и мобилизирање на ново членство се едни од најактуелните приоритети во програмата на ССМ, истакна претседателот на ССМ, д-р Митревски. Во излагањето претседателот Митревски го потенцираше значењето на ова прашање и во контекст на постоењето на големиот број на неорганизирани работници во индустриските зони. Присутните членови на гранските синдикати и претставници од територијалните структури на ССМ беа запознаени со најновите методи, концепти и техники за организирање и мобилизирање на ново членство од страна на експерти од академијата за образование на светската конфедерација на синдикати (ITUC).

Компонентите на проектот и неговото натамошно спроведување беа презентирани и од страна на Наташа Мечкароска- Симјаноска, проект координатор на МОТ.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.