Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ- ПРОДОЛЖУВА СО РАБОТНО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 1ВИ МАЈ - OДБЕЛЕЖАН И 28МИ АПРИЛ- СВЕТСКИ ДЕН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА-

Слика 1. Претседателот Митревски на прес конференцијата по повод одбележувањето на 1ви Мај

ССМ продолжува со традицијата на работно одбележување на 1ви мај кое ќе трае во континуитет во цела 2017 година. Во оваа смисла веќе на 28.04.2017, Советот на ССМ одржа посебна седница на која присуствуваше и министерот за труд и социјална политика, г. Ибрахим Ибрахими.

На седницата беше извршена и промоција на Прирачникот за работнички права: „Дознај повеќе за своите права“. Прирачникот е резултат на Проектот, Унапредување на социјалниот дијалог, финансиран од ЕУ, а спроведуван од МОТ во кој учествуваа ССМ, КСС и УНСМ. Истовремено овие синдикати учествуваа и во подготовката на овој прирачник.

Пред членовите на Советот на ССМ како највисок орган и членовите на претседателството на ССМ и гостите, претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски го истакна значењето на овој Прирачник кој претставува практична алатка и инструмент кој ќе му послужи на членството на синдикатите најнепосредно на едно место да се запознаат со законските одредби поврзани со вработувањето, платите, надоместоците, работно време, одмори и отсуства, престанок на работен однос, безбедноста и заштитата, борба против дискриминацијата, мобингот, колективното договарање, штрајкот и работните спорови.

Исто така на овој настан во рамките на овој Проект беше промовирана и Брошурата: „Права на работниците според Општ колективен договор“, во која на практичен начин се запознаваат работниците со правата од Општиот колективен договор за приватен сектор од областа на стопанството.

И во оваа брошура се пласираат основните информации за обврските на работникот и работодавачот, договорот за вработување, пробната работа, приправничкиот стаж, платите и надоместоците, одморите, мирното решавање на спорови, информирањето и консултирањето, условите за работа на синдикатот и заштита на правата на работниците.

Претседателот Митревски истакна дека ССМ како и претходните години, така и оваа година, како деновите пред Први мај, така и по први мај, практично и во континуитет со конкретни настани, придонеси и резултати ќе го прославува Први мај, кој како празник за ССМ не трае 1 ден туку цела година.

Оваа година од пред први и по први мај отпочнува и Кампањата за Протоколот за социјален напредок во кој централно место ќе заземе Кампањата за зголемување на платите и минималната плата на што впрочем во текот на годината со Кампања е фокусирана и Европската и Светската конфедерација на синдикати.

Настанот што го одржа ССМ е посветен и на одбележување на 28ми април- Светскиот ден за безбедност и здравје и работа.

Слика 2. Министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими во своето обраќање

Министерот за труд и социјална политика, г. Ибрахим Ибрахими, честитајќи го празникот Први  мај и поздравувајќи го прославувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, го изрази задоволството од напредокот во социјалниот дијалог кој беше преточен преку низа активности на Економско- социјалниот совет и донесувањето на низа закони, нивна измена и мерки во прилог на работно правната положба на работниците, која особено беше впечатлива и во поттикнувањево на мерките за вработување, посебно и на младите луѓе.

Практичното празнување и промоција на прирачникот и брошурата го препознава како дополнителен чин за развој и разбирањето на социјалниот дијалог, а во однос на Протоколот за социјален напредок, најави продолжување на разговорите за зголемување на минималната плата.

Во контекст на работното одбележување на Први мај, можно е закажување и на една таква средба. Истовремено од аспект на одбележувањето на Светскиот ден за БЗР, го потенцираше значењето и улогата на синдикатите во обезбедување  на ова основно човеково право.

На овој настан присуствуваа и претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери на РМ, г. Драги Аргировски и претседателот на БКМ, г. Миле Бошков.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.