Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ во заштита на работничките права

Во текот на 2018 година во Сојузот на синдикатите на Македонија се евидентирани  1637 обраќања за заштита на правата од работен однос.

Овој број во 2017 изнесувал 1788 обраќања. Остварувањето на работничките права, како и досега се реализираше преку активности преземани од  Oдделението за работни односи, правна заштита и колективно договарање, регионалните синдикални претставништва и канцеларии и синдикатите.

Остварувањето на работничките права, како и досега се реализираше преку активности преземани од  Oдделението за работни односи, правна заштита и колективно договарање, регионалните синдикални претставништва и канцеларии и синдикатите.

 Правна заштита

Бројот на обраќањата по пооделни синдикати е следниот:

 

Р.

бр

 

 

С и н д и к а т и

 

Вкупен број на обраќања по  разни основи во периодот

на 2017

Вкупен број на обраќања по  разни основи во периодот

на 2018

1.

Синдикат на индустрија,енергетика и рударство на РМ

504

800

2.

Мултиетнички синдикат за образование на Република Македонија

2

44

3.

Синдикат на работниците од АГРО индустрискиот комплекс на РМ

155

212

4.

Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ

116

87

5.

Синдикат на работниците од сообраќај и врски на РМ

324

2

6.

Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање на РМ

27

34

7.

Синдикат на работниците од текстилната,кожарската и чевларската индустрија на Република Македонија

207

129

8.

Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комуналното-станбено стопанство,  занаетчиство и заштитни друштва на РМ

131

135

9.

Синдикат на графичка, информативна, филмска издавачка дејност и производство на хартија на РМ

3

4

10.

Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ

50

56

11.

Синдикат на хемија, неметали и метали на РМ

17

27

12.

Синдикат на работниците од шумарство, дрвна индустрија и енергетика на РМ

182

34

13.

Македонски полициски синдикат

18

0

14.

Синдикат на работниците од трговијата на РМ

37

26

15.

Синдикат на поштенските и телекомуникациските работници на РМ

2

4

16.

Самостоен синдикат на работниците од енергетика и стопанство на Македонија

6

5

17.

Синдикат на финансиските дејности на Македонија

1

35

18.

Синдикат за одбрана и безбедност

6

2

 

   Најголем број на обраќања во пресметковниот период се од:

  • Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на РМ – 800 (во 2017 година -  504)
  • Синдикатот на работниците од АГРО индустрискиот комплекс на РМ – 212 (во 2017 година -  155)
  • Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комуналното-станбено стопанство,  занаетчиство и заштитни друштва на РМ 135 (во 2017 г -131)
  • Синдикат на работниците од текстилната,кожарската и чевларската индустрија на Република Македонија-129, (а во 2017 г – 207)

Според доставените прегледи од регионалните синдикални преставништва  и синдикалните канцеларии, бројот на обраќањата на работниците по поодделни правни основи е следниот:

Број на обраќања по поодделни основи

 

Основ на обраќања

Вкупен број на обраќања по основи во

 текот на 2017 г

Вкупен број на обраќања по основи во

 текот на 2018 г

Синдикални права

267

221

Засновање на работен однос

4

52

Промена на договор за вработување

56

52

Неисплатена плата

412

376

Надомест за хранарина

34

33

Надомест за превоз

15

8

Боледување

11

29

Годишен одмор

26

72

регрес

242

50

Прекувремена работа

135

76

Отказ (вина и лични причини)

5

31

Парична казна

7

17

Отказ од деловни причини

3

9

Принуден одмор

 

 

ПИОМ

220

149

Здравствено осигурување

192

119

Стечај

159

343

       

 

            Од табелата може да се види дека најголем број обраќања се по основ на:

- неисплатени плати, надоместоци и  неуплатени придонеси од плата – 840 обраќања

- права во стечајна постапка – 343 обраќања

-  синдикални права – 221 обраќања

Во текот на извештајниот период преземени се следните правни дејствија:

Вид на преземени дејствија

Број на преземени

дејствија

2017

Број на преземени

дејствија

2018

Совет

1037

1298

Мислења

298

147

Изготвени барања

114

52

Приговори

27

34

Тужбени барања

9

4

Расправи

14

5

Жалби

2

17

Поднесоци

21

3

Пресуди

8

6

Спогодби

1

1

Вонредни правни лекови

 

 

Предлог за извршување

1

4

Допис до инспектор

21

15

Јавен обвинител

 

 

Управна постапка

4

 

 

 

 

Податоците говорат дека во текот на извештајниот период се поднесени 4 тужбени барање, водени сe 5 расправa и добиени се 6 пресуди.

Покрај водењето на судските постапки голем број активности на ССМ се поврзани со превентивната заштита на работничките права на која што се почесто инсистираат работниците во своите обраќања до синдикатот.

Во оваа смисла дадени се 1298 совети, изготвени се 147 мислења, 52 барања и 34 приговори.

Карактеристични обраќања:

  • Во врска со обраќањето на поголем број на  работници  од Фабриката  за заварени цевки и профили 11 Октомври Акционерско друштво Куманово, претставници на СИЕР и ССМ преземаа активности во насока на заштита на правата на работниците и по обавените разговори и контакти со претседателот на синдикалната организација во компанијата и работниците беше изготвен приговор (кој беше употребен за над 100 работници) против  одлуките  за давање на отказ на договорите за вработување со понуда за склучување на анекс кон постојните договори за вработување

- обраќања во врска со правата на работниците во стечајна постапка од:  ЕМО ,,Производство,, ДООЕЛ Охрид во стечај, Фени Индустри АД Квадарци во стечај, Полет Тетово во стечај, МИК Кавадарци во стечај, Фабрика за кабли ,,Неготино,, во стечај, Повардарие Неготино, Битолатекст трикотажа, Фринко по основ на неисплатени плати и придонеси од плата

- ВВ Тиквеш АД Скопје и АД ЗП ГД Тиквеш, по основ на неисплатена плaта, надомест за прекувремена работа, работно време

- ЈЗУ Општа болница Кавадарци и ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци, плата, надоместоци од плата, годишен одмор

             - ЗК Пелагонија Битола, плати и прекувремена работа

             - Агроплод Ресен, неисплатени плати

             - Еурокомпозит АД Прилеп, неисплатени плати  

Работно- правно законодавство  

ССМ по пат на социјален дијалог преку ЕСС учествуваше во постапката за ратификација на Конвенцијата за ноќна работа,1990 (С171), Конвенцијата за трудови статистики,1985 (С160), Конвенцијата за организации на рурални работници (С141).

Во Сл. весник бр. 12 /2018 се објавени:

Закон за ратификација на Конвенцијата за ноќна работа ,1990 (С171)

Закон за ратификација на Конвенцијата за трудови статистики,1985 (С160)

Закон за ратификација на Конвенцијата за организации на рурални работници (С141)

Во Сл. Весник бр. 85/18 е објавена Одлука на Уставен суд У.бр. 133/2017 за укинување на член 2став 1 во делот: ,,и исполнет нормиран учинок,, и ставовите 2, 3 и 4  и член 7-б ставови 1 и 3 од Законот за минимална плата на РМ.

Уставниот суд на Република Македонија по повод иницијативата на Сојузот на синдикатите на Македонија на седница одржана на 18 април 2018 год. со Одлука У. Бр. 133/2017-1 ги укина член 2 став 1 во делот: „и исполнет нормиран учинок“ и ставовите 2, 3 и 4 и член 7-б ставови 1 и 3 од Законот за минимална плата во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.11/2012, 30/2014, 180/2014, 81/2015, 129/2015 и 132/2017).

Сојузот на синдикатите на Македонија, поведе постапка за оценка на уставноста на одредбите од Законот за минимална плата во кој е наведено дека  работодавачот е должен да му исплати на работникот најнизок месечен износ на основна плата која според законските одредби не зависи само од извршената работа во полно работно време, туку и од исполнет нормиран учинок, кој го утврдува работодавачот во рамки на своите дејности во процесот на работење и делување.

Сојузот на синдикатите на Македонија уште при подготовката на Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во РМ, на седниците на Економско-социјалниот совет и со официјални дописи до Министерството за труд и социјална политика и до Министерството за финансии даде свое мислење и забелешки со кои ССМ не се согласува со предлогот содржан во член 1 од Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата кој се однесува на член 2 од Законот за минимална плата и со истиот се предлага по ставот 1 (од член 2 на Законот) да се додадат три нови става со кои се дефинира поимот „нормиран учинок„.

Во текот на постапката за донесување на измените на Законот, ССМ укажуваше дека не се согласува минималната плата да биде условена од – нормиран учинок за кој во предложените измени на Законот е предвидено да се утврдува единствено по критериуми утврдени од работодавачот.

Своето несогласување покрај на седница на ЕСС, Сојузот на синдикатите на Македонија го изрази и со писмен допис до МТСП и Министерството за финансии.

Сојузот на синдикатите на Македонија поднесе иницијатива за оцена на Уставноста на законското решение која беше прифатена од Уставниот суд на 21 февруари 2018 година. Уставниот суд расправајќи по иницијативата донесе Одлука за укинување на наведените одредби со што ќе се овозможи правна сигурност во примената на Законот за минимална плата и исплата на минималната плата за сите работници во РМ.

ССМ и со оваа постапка докажа дека како репрезентативен синдикат и актуелен социјален партнер во државата се грижи за заштита и унапредување на правата од работен однос за сите работници во РМ.

Во Сл. Весник бр. 120 /18 објавен е Закон за изменување и дополнување на ЗРО

Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ), како репрезентативен синдикат  и социјален партнер во РМ е вклучен во постапката на изготвување на нов Закон за работните односи, кој треба да се донесе до крајот на оваа 2018 година. Целта на донесувањето е да се обезбеди највисоко ниво на инкорпорирање на стандардите на МОТ и европските директиви и препораки во уредувањето на работно правните односи во РМ.

Во меѓувреме до донесување на новиот ЗРО, ССМ и другите социјални партнери по пат на социјален дијалог констатираа дека се потребни брзи измени на ЗРО со цел да се обезбеди заштита на работничките права и правна сигурност во примената на постојните законски решенија до донесување на новиот ЗРО.

ССМ сметаше дека низа одредби од ЗРО се нејасни и непрецизни и како такви не обезбедуваат еднаква примена и го нарушуваат уставниот принцип за еднаквост на граѓаните пред законите. 

За да се надмине оваа состојба социјалните партнери се согласија за измени на ЗРО кој беа направени со донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, објавен во Службен весник бр. 120 од 29 јуни 2018 г.

Со овие измени, ССМ и другите социјални партнери се договорија за:

- намалување на  времетраењето на рокот за пријавување на јавниот оглас од 5 на 3 работни дена.

- намалување на периодот на пробна работа од 6 на 4 месеци.

- се предвиде обврзувачка содржина на договорот за вработување, со што работниците со потпишување на договорот точно ќе ги знаат своите права и обврски кои произлегуваат од работниот оснос.

- се прецизира одредбата за задолжително писмено предупредување од страна на работодавачот во постапка пред откажување на договорот за вработување,  при постоење на лична причина на страна на работникот.

- се  уреди дека рокот во кој работникот треба да го подобри своето работење при откажување на договорот за вработување поради лични причини на работникот не може да биде пократок од 15 дена од приемот на писменото предупредување.

- се изедначија роковите за застареност на отказот на договорот за вработување поради причини на вина на страна на работникот со рокот на застареност од лични причини.

- се  дополнија одредбите од законот во насока на примена на критериуми утврдени со колективен договор и критериуми за заштита на инвалидни лица, самохрани родители и родители на деца со посебни потреби при отказите од деловни причини

- Со цел да се обезбеди заштита од злоупотреба од страна на работодавачот при отказ на договорот од деловни причини, се уреди одредба со која работодавачот кој го откажал договорот за вработување поради деловни причини не може на истите работи со иста стручна подготовка и занимање да вработи друг работник во рок од 2 години од денот на престанокот на работниот однос, како и дополнителна заштита на работникот на кој му престанал договорот за вработување од деловни причини со давање на приоритет за вработување при потреба за вршење на истите работи.

- се зголеми  бројот на  испратнини  во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини,

- се прецизира рокот за поднесување на писмена изјава за продолжување на договорот за вработување.

- се зголеми процентот на минималниот износ на плата за приправник од 40% на 70%.

- се допрецизира значењето на терминот соодветна храна за работник кој работи ноќно време, преку утврдување на надоместок на трошоци за исхрана во висина од 20% од просечната нето плата по работник исплатена во Република Македонија во претходната година и тоа само за деновите кога работникот работи ноќе. Со истиот член се прецизира дека работникот не може да се распореди на ноќна работа доколку нема јавен превоз, а работодавачот не обезбедува услови за  превоз до и од работа.

- се уреди еднакво правото на користење на годишен одмор  на работниците кои што работат шест дена во неделата со работниците кои работат пет дена во неделата и се надмина неусогласеноста во поглед на времетраењето на делот на годишниот одмор кој треба да биде искористен во текот на календарската година за која се дава одморот и истиот изнесува две непрекинати работни недели.

Сл.Весник бр. 126 /2018

Објава на висината на минималната плата во бруто износ на РМ за јули 2018 заклучно со исплатата на платата за март 2019 година и истата изнесува  17.370,00 денари.

Сл. Весник бр 140/18

Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во РМ.

Со измените на Законот за минимална плата, државата презема мерки за да ги поттикне работодавачите кои имаат финансиски проблеми да ги исплатат зголемените плати на вработените кои се покачени над минималната плата и изнесуваат до 18.000 денари нето плата.

Социјалните партнери по пат на социјален дијалог ја поддржаа мерката, истата обезбедува финансиската поддршка во периодот од јули 2018 до декември 2019 г и ќе изнесува 30 отсто од разликата помеѓу бруто платата на работникот во тековниот месец и просечната бруто плата на работникот исплатена во октомври, ноември и декември 2017 година. Максималната финансиска поддршка може да изнесува 1.200 денари по работник месечно.

Според проекциите на Министерството за труд и социјална политика, доколку аплицираат сите кои ги исполнуваат условите за мерката, ќе бидат опфатени околу 50.000 вработени и 15.000 работодавачи.

Сл.Весник бр. 245/18

Измени и дополнување на Законот за ПИО

По 12 години од имплементацијата на пензиската реформа направена е  детална анализа на досегашните резултатите. Анализата ги опфатила  законските решенија донесени во минатото, процесите и фискалните импликации на двостолбниот пензиски систем. Анализата покажала тренд на растечки дефицит на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија кој од 2008 до 2017 година се зголемил за 150%, поради донесување на несоодветни законски решенија (намалување на стапки на придонес, ад хок зголемување на пензии, ослободување од плаќање на придонеси и сл.).

Во врска со најавените реформи на пензискиот систем, МТСП истакна дека  преку зголемување на придонесите за 0,5 отсто ќе се овозможи  стабилизирање на Фондот и негова одржливост со цел да се овозможи  праведна и стабилна исплата на пензиите, а при тоа да нема зголемување на старосната граница и да нема да има замрзнување на пензиите.

Анализата покажала нееднаквост на пензиите на сегашните и идните пензионери и нерамноправна распределба на осигурениците (работниците) во двостолбниот пензиски систем. Сите овие фактори пропратени со стареењето на населението во РМ имплицираат структурни прилагодувања во пензискиот систем.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се напушта постојниот критериум за задолжително членство во  задолжително капитално финансирано пензиско осигурување (втор пензиски фонд) на  сите лица кои по 1 јануари 2003 година прв пат се вработуваат и за прв пат се вклучуваат во задолжителното пензиско и инвалидско осигурување.

Со измените на законот  овој критериум на прво вработување се заменува со година на раѓање (ЕМБГ), односно сите лица кои се родени по 1 јануари 1967 и се помлади од 40 години должни да се зачленат во втор пензиски столб. Со ваквиот критериум се исклучуваат од членство во втор пензиски столб лицата кои се постари од 40 години.

Воведувањето на членство врз основа на возраст е направено бидејќи вториот столб функционира по принципот на капитализација на средствата од придонес, за што потребно е подолг рок на инвестирање на средствата заради нивно оплодување и за обезбедување на достоинствена пензија и пензија која нема да биде помала споредбено со пензијата која членот би ја добил како осигуреник само од прв пензиски столб. За повозрасната категорија на осигуреници е пократок работниот век и со тоа и пократок е рокот за инвестирање и оплодување на средствата. Од членството во вториот столб се исклучуваат осигурениците кои се со стаж на осигурување со зголемено траење поради краткиот период на осигурување и раното пензионирање.

Анализите покажале дека постојните заменски стапки за пресметка на пензија не кореспондираат со учеството на придонесот кој го плаќа осигуреникот. Постојните заменски стапки не се праведни и се на штета на членовите во вториот столб и поради тоа со измените на законот се врши зголемување на заменските стапки за членови на двостолбниот пензиски систем, како и се  врши прилагодување на заменските стапки за членовите во првиот столб.

Се зголемува процентот на социјалните придонеси за 0,5%.

Со законските измени се уредува дека усогласувањето на пензиите ќе се врши два пати годишно од 1 јанауари и 1 јули секоја година, според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие во однос на полугодието кое му предходи објавени од Државниот завод за статистика. Во случај кога порастот на трошоците на живот се со негативен предзнак, не се врши усогласување на старосната пензија. Исто така, се предлага дополнително усогласување доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4%.

Ова значи дека се исклучува усогласувањето со порастот на просечно исплатената плата на вработените во РМ, но наместо усогласување од 50%  процентот на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие во однос на полугодието кое му предходи објавени од Државниот завод за статистика, сега се уредува усогласување во висина од 100%.

Во 2018 година нема обраќања на членови на ССМ по основ на вознемирување на работно место.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.