Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СТАРТ НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ОКД ЗА ПРИВАТЕН СЕКТОР ОД ОБЛСТА НА СТОПАНСТВО

20.7.2017

Слика 1. Почеток на преговорите за ОКД за приватен сектор помеѓу ССМ и ОРМ

Работните групи на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Организацијата на работодавачи на Македонија, како репрезентативни социјални партнери, на ден 20.7.2017 година во просториите на ССМ ја одржаа првата договорна средба поврзана со продолжување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

Од двете страни,  предводени од претседателите на ССМ, д-р Живко Митревски и на ОРМ, Ангел Димитров, беа презентирани соодветните ставови во врска со продолжувањето на ОКД за приватниот сектор, а беше разговарано и за најавените реформи во работното законодавство, кои можат да влијаат врз концептот на ОКД за приватниот сектор.

На работната средба беше разговарано и за потребата во текстот да се извршат соодветни терминолошки усогласувања. Ставовите на ССМ и на ОРМ договорено е да бидат презентирани пред соодветните органи и тела на организациите, а потоа да се закажат и дополнителни средби.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.