Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Стручна служба

Во рамките на Стручната служба на ССМ постојат неколку сектори.

Сектор за работни односи и правна заштита

Лиле Петрова, Советник за работни односи

Секторот за работни односи, правна заштита и колективно договарање ги следи законските прописи од областа на работно – правната и социјалната положба на работниците, ги проучува законите и дава предлози и мислења за истите, поднесува иницијативи за донесување закони. Во областа на правната заштита овозможува правна заштита на членовите на синдикатот од областа на работните односи, дава насоки и предлози за заштитата на правата на работниците, учествува во изготвувањето, потпишувањето, следењето и примената на колективните договори, го следи остварувањето на колективните договори.

Сектор за економско – социјални прашања

Светлана Димоски, соработник за економско – социјални прашања

Секторот за економско – социјални прашања, развој и образование ги следи состојбите во социо - економската сфера, материјално – социјалната положба на работниците, ги проучува макро и микро економските проекти на Владата на РМ, го следи спроведувањето на социјалната политика, учествува во донесувањето и спроведувањето на политиките за вработување, ги следи состојбите со платите и надоместоците, иницира прашања за Економско – социјалниот совет, дава мислења и предлози за имплементирањето на регулативите на ЕУ у друго. Во областа на организацискиот развој секторот го следи остварувањето на загарантираните синдикални права, предлага начини за користење средства за синдикална борба, ги следи и ги проучува позитивните искуства од европското и светското синдикално движење. 

Сектор за општи работи

Славица Богеска, Финансов сметковидител

Секторот за општи работи учествува во секојдневните активности на ССМ, го организира информирањето во Сојузот на синдикатите, го информира членството и јавноста за активностите на ССМ, организира прес – конференции, брифинзи и средби со новинари, го уредува интернет порталот на ССМ, подготвува информации за ССМ меѓу две седници на Советот и други работни обврски поврзани со информирањето.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2020 | Сите права се задржани.