Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СУДОТ ПОВТОРНО ПОТВРДИ, Д-Р ЖИВКО МИТРЕВСКИ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ССМ

14.7.2017

Слика 1. Прес- конференција на претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски

 

-Потврден легитимитетот на претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски-

Управниот суд на Република Македонија и во најновата Одлука го потврди легитимитетот на Митревски, како претседател на ССМ. И со оваа Одлука се потврдува волјата на членството на ССМ и изборот на Митрески на 19тиот Конгрес на ССМ, а се одбиваат барањата за промена од страна на самонаречениот В.Д. претседател Димовски. Со Одлуката се потврдува и претходното решение на министерот Ибрахими, како неспорен факт со кој се укина претходното решение на техничката министерка Ременски, кое беше надвор од закон и статут на ССМ, а за кое беше поведена и постапка пред Обвинителство и истото беше ставено вон сила.

Поради сето ова од ССМ и од членството побарано е од претседателот на СИЕР, Пеце Ристевски, со навршени 66 год, претседателот на УПОЗ, Пецо Груевски, со навршени 65 год, претседателот на АГРО Живко Даневски, со скоро 64 години и претседателот на СУТКОЗ, Дарко Димовски, не само поради исполнетите услови за заминување во пензија, туку поради фалсификување на вистината, фалсификување на исправи, незаконско и нестатутарно постапување, „синдикалните пензионери“ и Дарко Димовски да си дадат итна и неотповиклива оставка и да остават место на млади синдикални лидери и кадри, кои го познаваат и новото време и новиот принцип на работење во синдикатите.

Истовремено од ССМ побараа сите учесници во насилниот обид за рушење на легитимното раководство на ССМ да им се извинат на Министерството за труд и социјална политика и на судските инстанци за доведување во заблуда, а ССМ ги повика и сите надлежни органи да преземат дејствија против сторителите на незаконските дејствија.

ССМ и претседателот Митревски, афирмирајќи го принципот на владеење на правото повика на доследно почитување на одлуките  на судовите, конвенцијата на МОТ бр. 89 за слобода на синдикално организирање, а посебно се заблагодари на континуираната поддршката на Меѓународната Конфедерација на синдикати (ITUC), Европската Конфедерација на синдикати (ETUC) и Меѓународната организација на труд (МОТ) кои уште на почеток застанаа зад поддршката на претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и ССМ.

Истовремено, повторно упатија повик до сите членови од 4те синдикати по заминувањето и оставките на нивните „синдикални лидери“ и по промената во нивните раководства да отпочнат разговори со ССМ за мобилизирање и заедничко дејствување во интерес на синдикалното движење во РМ.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.