Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД 70 ГОДИНИ ОД ПЕНЗИОНЕРСКОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ

16.9.2016

Слика 1. Свечена академија по повод 70 години од пензионерското организирање во Република Македонија

На 16.9.2016 година во Домот на АРМ се одржа свечена академија по повод 70 години од пензионерското организирање во Република Македонија. На свечената академија воведно обраќање имаше претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, кој воедно беше и покровител на манифестацијата. Во воведното обраќање беше укажено на значењето на Сојузот на здруженијата на пензионери и на пензионерското организирање во Република Македонија, на иницијативите кои ги имаше Сојузот во текот на овој период и на значењето на пензионерите како активни чинители во општествените текови. Претседателот на РМ, д-р Ѓорѓе Иванов на претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери, Драги Аргировски, му додели и високо признание „Повелба на РМ“ по повод 70 години од пензионерското организирање.

Претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери, Драги Аргировски во своето обраќање укажа дека Повелбата значи признание за 250.000 пензионери, како и за 7 децениската историја на пензионерското организирање во Македонија, потенцирајќи ги активностите на Здруженијата особено во последниот период во полето на културата, уметноста, пензионерските натпревари, но и во поглед на унапредувањето на квалитетот на животот на пензионерите во Република Македонија.

Слика 2. Доделување на плакети за посебен придонес

На манифестацијата присуствуваше и претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими, при што од страна на претседателот Аргировски во името на Сојузот на здруженијата на пензионери им беа доделени посебни плакети за посебниот придонес во унапредувањето на пензионерското организирање во РМ.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.