Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Светот на работата е силно погоден од глобалната пандемија на вирусот КОВИД-19

Ефективниот социјален дијалог и соработка меѓу владите, организациите на работодавачи и организациите на работниците се покажаа неопходни за дизајнирање и спроведување на соодветни стратегии и политики за справување со негативното влијание на кризата со КОВИД-19.

ССМ учествуваше во изработката на глобалната анализа која покажува дека најпогодени и најранливи работници и најпогодени сектори од аспект на синдикатите се Здравствените работници и работниците од првата линија во борбата против Ковид-19. Тие ги ризикуваа своите животи за другите и покрај пријавениот недостаток на соодветна опрема за лична заштита.

Угостителството и туризмот, градежништвото, трговијата и производство, патниот транспорт, авиосообраќајот и култура се секторите кои се најпогодени од пандемијата на КОВИД-19. Компаниите што работат во овие сектори доживеаја привремено прекинување на работењето или запирање на економските активности, ограничувања во движењето и затворање на границите, сериозен ризик од банкрот и сериозни падови со негативни последици врз вработувањето, обезбедувањето услуги и достапноста на суровините.

Слично на тоа, неформалните работници во економијата, како и самовработените беа несразмерно погодени поради недостаток на заштита и замена на приходот или заштедите, несигурноста на нивниот работен однос и исклучувањето од мерките за поддршка. И на крај, микро, малите и средните компании доживеаја нагло намалување на побарувачката и приходите, ако не и целосното прекинување на нивната активност со што беше доведена во прашање егзистенцијата на илјадници работници и нивните семејства.

Жените, младите, мигрантите и лицата со попреченост се најранливата категорија на работници, пред се, поради неформалната и несигурна природа на извршената работа, лошите услови за работа, изложеноста на насилство и маргинализација, како и недостатокот на заштита или поддршка од јавните служби.

Оваа анализа изготвена од Меѓународната организација на трудот, е првенствено насочена за работниците и нивните организации. Главната цел е да промовира подобро разбирање на клучната улога на синдикатите во одговорите на кризата со КОВИД-19 ширум светот, преку трипартитен и бипартитен социјален дијалог, градење односи со владите и работодавачите и поддршка на нивните членови и општеството како целина.

Овaa анализа исто така ја подигнува свеста за повредите на работничките права за време на пандемијата. Како таква, таа има за цел да ја олесни размената на искуства и релевантни информации меѓу синдикатите и работниците за да ги зајакне нивните капацитети да влијаат на креирањето на националните политики и да развие долгорочна стратегија за градење на нивното влијание, како на национално, така и на меѓународно ниво.

Анализата можете да ја видите на следниот линк

https://www.ilo.org/.../pubs/WCMS_767224/lang--en/index.htm

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.