Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ТЕРЕНСКА ПОСЕТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ НА НАСТРАДАНИТЕ ПОДРАЧЈА

Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски со претставници од кризниот штаб на ССМ на ден 9.8.2016 година изврши посета на настраданите подрачја во близината на Скопје. На посетата која беше реализирана и во с. Стајковци, заедно со министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, претседателот на ССМ беше информиран за последиците и штетите од невремето, како и за активностите што се преземаат од страна на Владата на РМ во делот на справувањето со последиците од елементарната непогода.

Слика 1. Претседателот на ССМ, Митревски со министерот за труд и социјална политика, Спасов

Претседателот на ССМ разговараше и со голем дел на вработени од јавните претпријатија кои се непосредно вклучени во активностите поврзани со санирање на штетите а исто така имаше и средби со поголем број на жители од настраданите подрачја. Претседателот на ССМ, д-р Митревски и министерот за труд и социјална политика Спасов, ја изразија својата благодарност кон работниците од јавните претпријатија кои несебично во текот на сите овие денови непосредно се ангажирани во справувањето со кризата.

Слика 2.

Слика 3.

Претседателот на ССМ, д-р Митревски исто така го информираше министерот за труд и социјална политика за активностите на ССМ во спроведувањето на хуманитарната акција за помош на настраданите, како и за активноста на ССМ во делот на информирањето и до меѓународните синдикални организации како што се Европската конфедерација на синдикати, Светската конфедерација на синдикати и Регионалниот синдикален совет Солидарност.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.