Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ТРКАЛЕЗНА МАСА: ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ЕУ ДИРЕКТИВИТЕ ЗА КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХ

20.3.2019

На 20.3.2019 година во Скопје, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје, се одржа првата средба на работната група за животна средина, а во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Слика 1. Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули

Фокусот на оваа прва работна средба беше имплементирањето на ЕУ директивите за квалитет на воздух. На тркалезната маса учествуваше и заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, кој се осврна на поврзаноста на активностите од Планот за чист воздух со ЕУ директивите.

Слика 2. Учесници на тркалезната маса

Целта на работната група е да одржува редовни средби помеѓу претставници на институциите на централно и локално ниво, граѓанските организации, синдикатите, академски претставници и претставници на меѓународни организации кои во својата работа се фокусираат на теми од областа на животната средина, за да се овозможи платформа за добра комуникација и соработка меѓу истите, како и креирање на план за заедничко делување.

Претставниците на синдикатите ја изразија подготвеноста во справувањето на проблемот со квалитет на чист воздух, како и со зачувување на животната средина, следејќи го примерот на кампањата на европските и светските синдикални организации: „Нема работни места на мртва планета“.

https://www.etuc.org/en/pressrelease/trade-unions-support-action-climate 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2019 | Сите права се задржани.