Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА БЗР НА РМ 2016-2020

23.6.2017

Во организација на Министерството за труд и социјална политика, Националниот совет за БЗР и фондацијата Фридрих Еберт, на ден 23.6.2017 година, беше разгледана Националната стратегија за БЗР 2016-2020 на која присуствуваа министерот за труд и социјална политика, Мила Царовска, министерот за здравство Арбен Таравари, членови на Националниот совет за БЗР, претставници од синдикатите, работодавачите, претпријатијата, научната и стручната јавност.

Презентацијата на Националната стратегија за БЗР имаше претседателот на Националниот Совет за БЗР, проф. д-р Јованка Бислимовска, која укажа на содржината и значењето на овој стратешки документ. Од страна на министерот за труд и социјална политика и министерот за здравство беше поздравено донесувањето на овој стратешки документ и беше изразена желба за инклузивен пристап кон неговата реализација и вклученост на сите учесници, социјални партнери во изготвувањето на истиот.

Од страна на претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски беше укажено на значењето на овој стратешки документ, учеството на ССМ во креирањето на истиот, значењето на прифатените забелешки, а беше потенциран посебно предизвикот поврзан со спроведувањето на стратегијата во сите оние форми на нестандарден работен однос, предизвикот поврзан со воведувањето на новите технологии и имплементирањето на стратегијата, за што посебно беше посочено и залагањето на ССМ во поттикнувањето на социјалниот дијалог и практикувањето на прашањата на БЗР во процесот на колективното преговарање.

Покрај претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, на оваа тркалезна маса присуствуваа и потпретседателот на ССМ и член на Националниот совет за БЗР, Роберт Симоноски, како и секретарот на Советот на ССМ, Методија Димески.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.