Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

УЧЕСТВО НА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА „МЛАДИНСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ИНТЕГРАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ“

24.7.2018

Слика 1. Учесници на панел дискусијата

На 24.7.2018 година во Музејот на Современа Уметност на град Скопје, Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје и ЦИВИЛ – Центар за слобода одржаа панел дискусија на тема „Младинските перспективи за интеграцијата на Македонија во ЕУ“.

Панелисти на дискусијата беа државниот министер за Европа на Германија, Михаел Рот, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, претседателката на Секцијата на млади на ССМ, Ирена Ивановска, како и претставниците на младинските организации, Блажен Малески од Националниот Младински Совет, Димитар Низамовски од Младинскиот Образовен Форум, професори и новинари.

Слика 2. Државниот министер за Европа на Германија, Михаел Рот

Во своето обраќање пред присутните Државниот министер за Европа на Германија, Рот ја истакна потребата од активирање на младите во процесот на ЕУ интеграциите како клучна алка во борбата за младинските права и градење на светла иднина.

Слика 3. министерот за надворешни работи на РМ, Никола Димитров

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров истакна дека Македонија изгуби една генерација во чекање, и потребна е храброст и одговорност за соочување со препреките и ослободување на потенцијалите на младите во општеството.

Слика 4. Претседателката на СМССМ, Ирена Ивановска

Претседателката на Секцијата на млади на ССМ, Ирена Ивановска во својот говор се осврна на проблемите со кои младите луѓе во Македонија се соочуваат во делот на образованието и невработеноста, како и за нивните очекувања од интегративниот процес во насока на побрз и поголем проток до европските образовни системи, поголема можност за пракса и тренинг во некои од европските компании со цел стекнување на работни вештини и искуство, побрз и поголем влез на странски инвестиции, со отворање на квалитетни пристојни работни места со пристојни плати, како и полесно вмрежување со младинските организации од европските држави со цел на меѓусебна размена на искуства, ставови и мислења за прашања и проблеми кои се од интерес на младите.

Галерија:

Слика 5. Стефан Богоев, градоначалник на општина Карпош

Слика 6. Блажен Малески, Национален младински совет

Слика 7. Димитар Низамоски, Младински образовен форум

Линк:

https://civilmedia.mk/mladite-se-makedonskata-vleznitsa-za-evropa/

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.