Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

УЧЕСТВО НА СГИП НА 4ти КОНГРЕС НА BWI

На 4 Конгрес на BWI (Меѓународна  организација за градежништво и дрвна индустрија) усвоена е резолуцијата на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Р.Македонија (СГИП) за единство и солидарност помеѓу синдикатите од земјите членки на ЕУ и Југо-источна Европа.

Врз основа на оваа резолуција за солидарност  и единство, формиран е Пан Европски регион кој ги опфаќа членките од Русија до Турција и сите Балкански земји, кој има за цел да работи самостојно со свој претставник и право на глас во сите органи и тела на BWI.

4 Конгрес на BWI се одржува во Дурбан, Јужно-Афричка Република на кој се присутни 726 Делегати од синдикатите од вкупно 93 земји во Светот.

Делгацијата од Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Р.Македонија (СГИП) пристна на 4 Конгрес на BWI е предводена од : Претседателот на СГИП, Павел Трендафилов, Заменик претседателот  на СГИП, Иван Пешевски, Генералниот секретар на СГИП, Благуна Стојкоска  и Главниот синдикален претставник на СО Гранит, Ивана Димитрова.

 

Слика 1. Делегација на СГИП

Слика 2. Заменик претседателот на СГИП

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.