Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

УСОГЛАСУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО МАРТ 2021

Според член 4 во Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/2012, 30/2014, 180/2014, 81/2015, 129/2015 и 132/2017).  Исплатената висина на минималната плата во бруто износ за претходната година се усогласува во март секоја година со:

  •  една третина од порастот на просечно исплатената плата во Република Македонија
  •  една третина од порастот на индексот на трошоците на живот
  •  една третина од реалниот пораст на бруто домашниот производ, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.

Пресметките на ССМ покажуваат дека согласно Критериумите за УСОГЛАСУВАЊЕ на минималната плата во март 2021, Минималната плата треба да се усогласи за 3,17%

                                                                                   1/3

1/3 на пораст на плата                                             2,77%                  8,3%

1/3 на пораст на трошоци на живот                       0,4%                     1,2%

1/3 на пораст на БДП                                                 /                             /

                                                                                    3,17 %                  9,5%

Минималната нето плата сега изнесува 14 955,00 ден. зголемена е кога даночното ослободување во јануари се зголеми и мимималната плата од 14 934, 00 ден. се зголеми за 21,00 ден.

Со ова  усогласувањето во март 2021 год. нето минималната плата ке порасне нето за  446 денари (15 401)

Додека бруто минималната плата сега изнесува 21 776,00

Со ова усогласување бруто минималната плата ќе порасне  за 690 денари.(22 466,00)

Просечната нето плата за декември 2020 изнесува 28 294,00 ден, а Минималната нето плата ќе изнесува 15 401,00ден и со минималната плата ќе се покрива 54,43% од просечната плата.

Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека ваквото покачување на Минималната плата не е доволно со оглед на тоа што во изминатиот период, македонскиот работник само за лекување поради заболување или изолација од Ковид -19 имаше зголемен трошок за витамини и лекарства за најмалку 6.000 денари месечно, а тука се и зголемените цени на сите производи кои се неопходни за едно четири члено семејство.

Од овие причини, апелираме минималната плата да се зголеми во висина од 60% од просечната плата и истата да не изнесува помалку од 16.976,00 денари.

Дополнително потсетуваме дека зголемувањето на Минималната плата треба да значи и спирално зголемување на останатите плати во сите сектори и дејности за сите работници, а потсетуваме дека не е законски работодавач да исплаќа плата само во висина на минималната плата на работник, доколку истиот има минат труд, работи во смени, работел прекувремено, работел во празник итн.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.