Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Утре протести на ссм во шест градови

 

Утре, на 7 ноември, ќе се одржат јавни протести во шест градови во внатрешноста: Прилеп, Велес, Струмица, Охрид, Штип и Куманово. Протестите ќе се одржат од осум до десет часот, со исклучок на Куманово, каде протестантите ќе излезат од 12 до 14 часот.

Барањата на ССМ за јавните протести во прв ред се однесуваат на измените во Законот за работни односи. Се бара укинување на измените со кои се скусени многу права на работниците.

Другите барања се: повеќе услови за пензионирање, со закон утврдување на минимална плата, зачувување на животниот стандард на работниците и донесување закон за материјално обезбедување на стечајните работници и работниците прогласени за технолошки вишок со над 25 години стаж.

Главниот протест ќе се одржи во Скопје, на плоштадот “Македонија, на 14 ноември, од 19 до 21 часот.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.