Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Важна информација за сите работници

Почитувани,

Поради многуте обраќања пристигнати до Сојузот на синдикатите на Македонија, за затворање на компании и масовно отпуштање на работници во овие исклучитгелно тешки времемиња, ССМ ја информира пошироката јавност и сите работници за следното:

За да се отпуштат работници и да за затворат компании потребно е да се отвори стечајна постапка над правно лице потребно е да постојат услови и да бидат преземени активности согласно Законот за стечај и доколку е тоа спроведено од предходно треба да се донесе Решение за отварање на стечајна постапка кое ќе биде објавено во Службен весник.

Врз основа на таа објава работниците треба да поднесат барање за своите побарувања до стечајниот управник назначен во постапката во законски определен рок.

Стечајниот управник ги разгледува барањата и носи одлуки за нивно прифаќање и истите се проследуваат и реализираат според можностите и условите на стечајната постапка. Доколку неосновано стечајниот управник ги одбие барањата работниците можат да водат постапка пред суд.

Доколку не е отворена стечајна постапка работниците ги имаат правата и обврските согласно Законот за работни односи, со тоа што во овие услови на заразна болест работодавачот треба да ги информира вработените за начинот на организацијата на работењето во компанијата со целосно почитување на препораките од Владата донесени досега, во спротивно можете да се обратите до Државниот инспекторат за труд на тел 15131.

Доколку добиете писмен акт (одлука или решение) со кое сметате дека се повредени Вашите права од работен однос во рок од 8 дена од приемот на актот, треба до работодавачот (или орган надлежен за одлучување во постапка од втор степен кај работодавачот) во архивата на компанијата да доставите (или доставата да се врши преку препорачана пратка) приговор поради незаконитост и неоснованост на актот со кој се нарушуваат Вашите права од работен однос. Доколку второстепениот орган во компанијата во рок од 8 дена од доставата на Вашиот приговор не одговори по истиот или го одбие приговорот во нареден рок од 15 дена имате право на тужба во суд. Исто така сметам дека за секое нарушување на правата од работен однос треба да поднесете и барање до Државниот инспекторат за труд за негово постапување.

Сојузот на синдикатите на Македонија има организирано служба за бесплатна правна помош  и  со оглед на тоа што нашиот синдикат е репрезентативен синдикат во државата настојуваме секогаш, а посебно во ова време на криза предизвикана од заразна болест да реагираме за заштита  на сите работници во Државата и  за заштита на работничките и егзистенцијалните права.

Ги охрабруваме сите работници да ги пријават сите неправилности како во надлежните Државни инспекции така и на посочените броеви во ССМ, за да можеме навремено да реагираме за заштита на работничките права.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.