Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВЕДНАШ ДА ПРЕСТАНАТ ПРИТИСОЦИТЕ ВРЗ СИНДИКАТОT!

Денеска, Претседателот на ССМ, Дарко Димовски и Претседателот на Македонскиот полициски синдикат МПС, д-р Марјан Кицев одржаа прес конференција на која беше изнесено следното:

Министерот, Наќе Чулев, врши притисок врз синдикатот, формира паралелен синдикат во МВР и праќа инспектори на седниците на органите и телата на ССМ.
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска обвини дека министерот за внатрешни работи Наќе Чулев врши притисок врз синдикатот и формира паралелен синдикат во Министерството со цел да се замолчи Македонскиот полициски синдикат.‼

Претседателот на ССМ Дарко Димовски на прес-конференција побара министерот Чулев, како што рече, да ги тргне рацете од синдикатот и обелодени дека седниците на највисоките тела на Синдикатот – Советот и Претседателството, се одржуваат со присуство на инспектори од МВР.

„Тоа за нас е недопусливо бидејќи со тоа се крши Конвенцијата бр. 87 за слобода на здружување и затоа сме приморани да ги информираме сите релевантни домашни и странски институции и ќе побараме помош за немешање на институциите од власта во организирањето и дејствувањето на ССМ“, рече Димовски.‼

Информираше дека во изминатите две недели тој лично двапати бил викнат во полициска станица и бил информиран дека против него е поднесено кривична пријава.

„Никој не може да му се заканува на синдикатот. Имаме програмски определи и ќе ги исполнуваме“, рече Димовски, упатувајќи апел дека мора да се почитуваат законите и Општиот колективен договор и Законот за работни односи да биде темелот на рабптничките права.‼

Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев посочи дека во март на состанок во Кабинетот на министерот добиле директна закана дека доколку не претстанат со нивните барања, ќе биде формиран нов синдикат.

„За жал, заканата што ја добивме во Кабинетот на министерот почна да се исполнува. На 29.04 во МТСП е регистриран нов, трет синдикат на полицијата и на 13.05 е запишан во Централниот регистар, а на 2.06 со договор спротивен на законските прописи и колективниот договор на МВР ја крунисаат соработката“, истакна Кицев, барајќи од Владата да го поништи овој договор.

Посочи дека во изминатиот период набавиле и поделиле заштитна опрема во маски, визири и средства за дезинфекција за нивните колеги на терен.‼

„Направивме работи на терен што требаше да ги направи МВР“, рече Кицев.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.