Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВТОРА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

19.5.2017

Слика 1. Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски на конференцијата

 

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, во рамките на своите активности учествуваше на Втора меѓународна конференција за безбедност и здравје при работа на тема “Улогата на претставниците на вработените за безбедност и здравје при работа во имплементирање на Законот за безбедност и здравје при работа“ на покана и во организација на Институтот за бизнис образование КОНЦЕПТ.

На конференцијата во улога на излагачи покрај раководител на Сектор за безбедност и здравје при работа од Државниот инспекторат за труд, инспектор Слаѓана Андоновска како претставник од Р. Македонија, присуствуваа и Конфедералениот секретар на КТ Подкрепа - Александар Загоров, кој зборуваше на тема „Искуство од практична примена на Законот во Република Бугарија“ и Кирил Бинев - Адвокат - Претставник од Република Бугарија како претставниици од Република Бугарија, Борче Стојчевски од ПРОРИСК– Р. Македонија и Дејан Хаџи- Димов, ЈСП Скопје – Р. Македонија.

 

Слика 2. Учесниците на конференцијата

Претседателот Митревски во своето излагање го пренесе искуството на Сојузот на синдикатите на Македонија во поглед на текот и заложбите кои ги иницираше ССМ за измени и дополни на Законот за безбедност и здравје при работа.

Потоа тој зборуваше за улогата, значењето и важноста на претседателот на синдикалната организација или синдикалниот претставник за БЗР, како претставник на вработените за безбедност и здравје при работа како и за активностите кои сојузот на синдикатите на Македонија ги реализираше заедно со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), во текот на изминатата година. На крај претседателот на ССМ ја образложи моменталната состојба во Р. Македонија во однос на Законот за БЗР, согласно темата на конференцијата.

Меѓународни експерти од Република Бугарија ги образложија барањата и примената на Законот за безбедност и здравје при работа, улогата на претставниците на вработените за безбедност и здравје при работа во неговата имплементација, улогата на Меѓународната организација на трудот, Конвенцијата на меѓународната организација на труд број 135 и нејзиното транспонирање во домашното, национално законодавство и искуството од практична примена на Законот во Република Бугарија.

На крајот на конференцијата се даде осврт и на Европските добри пракси  на претставниците за БЗР во матичните земји на ЕУ - Предизвик за подобрување на состојбите со БЗР во МК.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.