Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВТОРА СРЕДБА НА ССМ СО РАБОТНИЦИТЕ И РАКОВОДСТВОТО ОД БАРГАЛА ШТИП

На барање на работниците во АД Баргала од Штип, Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски и Секретарот на Региналното синдикално претставништво на ССМ во Штип,Верица Тасева , остварија средба со Директорот на АД Баргала од Штип, Наум Барзов и работниците.

Ова е втора средба и на истата се дискутираше за исплата на платата на вработените во АД Баргала од Штип.
Од страна на раководството се почитуваше договореното по однос на динамиката за исплата на заостанатите плати од 4 мај 2020 година, но поради застој во исплатата на државната помош за која аплицирале од АД Баргала, платата повторно доцни.

Претседателот на ССМ, Димовски, оствари разговор и со Министерката за финансии, Нина Ангеловска и се очекува во текот на денот да бидат надминати пречките и државната помош да биде исплатена на АД Баргала по што веднаш ќе биде исплатена и платата, а Директорот на АД Баргала од Штип, Наум Барзов информираше дека компанијата ги има обезбедено средствата за придонеси од задолжително социјално осигурување.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.