Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

За неработна недела три месеци се чека одлука од државата

Иван Пешевски заменик претседател на синдикатот за градежништво во изјава за Радио слободна европа, потенцира дека не е добро што Владата реагира исклучително споро на инцијативата на дел од синдикатите. Синдикатот бара недела да биде неработен ден за сите освен за армијата, војска или фабрики кои не може да го прекинат производството. Во дејностите за кои дејноста налага работа од 24 часа Пешесвки вели дека е во ред да има дежурни, но тие вработени да добијат многу повисока дневница

"Се одолговлекува многу работата. Притискаме од секој апсект, зашто од кога беше најавено досега реално требаше одамна да влезе во сила, а и понатаму гледаме се работи во недела за нормална дневница. Министерката препорача таа да ја направи листата кој да работи, кој не, но ние остро се спротивставивме, зашто сите сме паметни и знаеме без што не може државата – армија, полиција, пожарна, брза помош такви дејности. Но на трговија, градежништво и некои индустрии недела треба да им биде неработен ден. И сега наверојатно тоа ги докомплициара работите и велат дека гледаат да не се направи дискриминација за некои дејности, но тука нема никаква дискриминација" вели Пешевски од ССМ.

Пешевски пак, вели дека ако државата им мисли добро на вработените, тогаш крајно време е да ја воведе неделата како неработен ден во области кои не се од егзистенцијално значење.

Според оценката на Пешевски oд ССМ сегашната распределба на работното време со минимален број на слободни денови штетно делува на семејството и животот на вработените особено на оние во трговијата, градежништвото и во некои индустрии.

"Пример, се кажува трговија на мало да работи. Што е трговија на мало? Дали и "Сити мол" е трговија на мало. Што нужно зло е да работи и "Сити мол" и тие работници во недела. Ние бараме оние без кои не може државата, да работат и тоа да им се плати со повисока дневница.Но, има и многу злоупотреби во чевларската, кожарската индустрија, во градежништвото и особено во трговијата, нема да пропадне ништо ако тие вработени се тој ден дома со семејството, тој ден да си се одмори работникот, а не да му биде нему недела во вторник или среда кога ништо не може да заврши" вели Пешевски од Синдикатот за градежништво.

Целото разговор на оваа тема можете да го прочитате на:
https://www.slobodnaevropa.mk/a/%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%...

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.