Европските синдикати и работодавачи изразуваат искено сочувство до семејствата на оние кои веќе ги загубиле најблиските од КОВИД-19, и воедно ја изразуваме нашата благодарност за работниците и претпријатијата кои веќе покажуваат исклучителна храброст за лекување на болните, како и за одржување на клучните јавни услуги од кои сите зависиме. Внимателно го следиме развојот на драматичните случаи на пандемијата COVID-19 низ цела Европа и сме активно вклучени во креирање и спроведување на вонредни мерки за помош на претпријатијата и работниците во соочување со неа.
Европските социјални партнери го поддржуваат сетот мерки, објавен од Европската комисија на 13 март и Европската централна банка во текот на последните денови, и се во постојан контакт со Европската Комисија за да се помогне во брзо и ефикасно спроведување, разгледуван и дискутиран помеѓу националните социјални партнери и националните влади.
Европските социјални партнери ги повикуваат Еврогрупата и Советот на министри за економија и финансии (ЕКОФИН), на состанокот кој ќе се одржи на 16-17 март, да ги одобрат сите мерки предложени од Европската комисија досега, без никакво одложување, ниту со измени што би можеле да го ослабнат нивното влијание.
Социјалните партнери ги повикуваат владите да ги одобрат мерките кои што предвидуваат:
Земјите-членки треба да ги вклучат националните социјални партнери во дизајнирањето и спроведувањето на националните мерки.
Треба да се преземат сите напори за да им се помогне на работниците, претпријатијата, и јавните служби да ја преживеат кризата, така што ќе можат нормално да се вратат на своите активности кога истата ќе заврши, да се задржат работниците на своите работни места, во меѓувреме, да се заштитат од невработеност и загуба на приход и да се ублажат финансиските загуби.
Комисијата мора да обезбеди финансиска помош за сите вработени, вклучувајќи ги и самовработените, како и оние прекарните кои воедно се и најранливи.
Плановите на Комисијата да ги олабави своите правила за фискална и државна помош се од суштинско значење за поддршката на јавните услуги и компаниите погодени од кризата. Овие мерки мора да бидат донесени без одлагање од страна на министрите за финансии, кои ќе се состанат следната недела, а потоа ќе бидат имплементирани во целост од членките држави.
Фондовите на ЕУ за инвестирање во заштита на работниците и компаниите од најлошите ефекти од кризата, треба да бидат на располагање на земјите-членки.
Европа мора да покаже одговорност, солидарност и ефикасност во соочувањето со оваа криза, заштувајќи ги сите погодени граѓани, работници и претпријатија.
ЕTUC Luca Visentini General Secretary |
BUSINESSEUROPE Markus J. Beyrer Director General |
CEEP Valeria Ronzitti General Secretary |
SMEunited Véronique Willems General Secretary |