Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЗАЕДНИЧКА СРЕДБА НА ЕСС НА РМ СО ЧЛЕНОВИ НА ЕСС ОД РЕПУБЛИКА КОСОВО И НАРОДНА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА

9.11.2016

Слика 1. Членовите на ЕСС од РМ, Косово и Албанија

На ден 9.11.2016 г. членовите на Економско- социјалниот совет од Република Македонија имаа заедничка средба со членовите на ЕСС од Република Косово и Народна Република Албанија. На состанокот од страна на ССМ присуствуваа членовите, д-р Живко Митревски, претседател на ССМ и потпретседателот на ССМ, Роберт Симоноски, заедно со останатите социјални партнери од ЕСС на РМ.

На заедничката средба беше разговарано за законодавната и институционалната положба на ЕСС, надлежностите, и активностите на овие трипартитни органи. Беа споделени повеќе искуства, а членовите на ЕСС од нашата држава ги презентираа своите искуства, видувања од работењето на ЕСС кои беа предмет на интерес на колегите, членови, од соседните економско- социјални совети.

Слика 2. Присутни на средбата

Ова е прва средба која се реализира во рамките на Проектот поддржан од страна на Европската Комисија и Меѓународната организација на трудот.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.