Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА НА ССМ И ГРАДЕЊЕ ПАРТНЕРСТВА МЕЃУ СИНДИКАТИТЕ

18.6.2019

Слика 1. Делегација на ССМ со раководството на BNS

На 18.6.2019 година во Букурешт, Романија како дел од активностите на Сојузот на синдикатите на Македонија за градење партнерства и зајакнување на меѓународната соработка, делегација од ССМ, предводена од секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски, оствари билатерална средба со раководството на Националниот синдикален блок (BNS), предводено од претседателот на BNS, Думитру Костин. Покрај претседателот на BNS, Костин, на оваа средба присуствуваа и заменик- претседателот на BNS, Минел Иваску, претседателот на федерацијата PUBLISIND, Стефан Теорок, претседателот на полицискиот синдикат Еуропол, Космин Андреика, како и претседателот на Одборот на млади на BNS, Чипријан Вацару.

На оваа средба, секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски, ги запозна присутните со активностите на ССМ, и ја презентираше социо- економската положба на работниците во Република Северна Македонија, како и напорите кои ССМ ги презема за нејзино подобрување. Во рамките на оваа посета, претседателот на млади на ССМ, Ирена Ивановска оствари средба со претседателот на Одборот на млади на BNS, Чипријан Вацару на која беше договорена заедничка соработка во делот на спроведување на политиките на млади во двете земји и беше одредена динамиката на заедничките активности во рамките на Одборот на млади на ЕКС.

Она што беше потенцирано од страна на претседателот на BNS, Думитру Костин е задоволството од иницирањето на ССМ за една ваква средба, на која двете организации имаат можност за споделување на искуства и изнаоѓање соодветни начини и механизми за заедничко делување и учество во меѓународни проекти во насока на унапредување на положбата на работниците во двете земји.

Оваа посета беше реализирана во рамките на соработката на Македонскиот полициски синдикат со полицискиот синдикат од Романија, Еуропол.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2019 | Сите права се задржани.