Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЗОШТО Е ПОТРЕБНО КОЛЕКТИВНО ДОГОВАРАЊЕ?

Во Уставот на РМ е определено дека правата од работен однос во Македонија се уредуваат со закон и со колективни договори, а Колективен договор склучува само синдикат.

Со колективните договори се уредуваат правата и обврските на договорните страни што го склучиле тој договор, а може да содржат и правни правила со кои се уредуваат склучувањето, содржината и престанокот на работните односи и други прашања од работните односи или во врска со работните односи.

Согласно Законот за работните односи, постојат:

1.општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството,

2.општ колективен договор за јавниот сектор,

3.посебни колективни договори на ниво на гранка, односно оддел согласно Националната класификација на дејности,

4.поединечни колективни договори на ниво на работодавач.

 

Активноста се спроведува во рамките на кампањата ПРАВНА ЗАШТИТА – СИГУРНОСТ НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА за подигнување на свесноста кај работниците и зајакнување на капацитетите на ССМ, со поддршка од Проектот: Strengthening Social Dialogue/Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Меѓународната организација на трудот.

 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.