Работникот не е моќен сам да преговара за поголеми права. Мал број работници се информирани за своите права од работен однос што е главната причина зошто тие не знаат ниту да си побараат некое право ниту пак знаат како да се заштитат. Оттука и потребата за здружување во синдикат.
Само здружени во синдикат, работниците имаат право на колективно преговарање за регулирање на условите за вработување, работа, плата, одмор, како и на другите права од работниот однос; како и право на штрајк и на преземање на сите форми на синдикални акции.
Синдикатот е единствен кој се залага за почитување на човековите права и слободи, за правна држава, демократија и слободен пазар и води вечна борба против кршење на работничките права.
Активноста се спроведува во рамките на кампањата ПРАВНА ЗАШТИТА – СИГУРНОСТ НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА за подигнување на свесноста кај работниците и зајакнување на капацитетите на ССМ, со поддршка од Проектот: Strengthening Social Dialogue/Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Меѓународната организација на трудот.