Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Free Legal Assistance

Сојузот на синдикатите на Македонија на своите членови им овозможува бесплатна правна помош.

Правна помош добиваат само членовите на Сојзуот на синдикатите на Македонија, и тоа за остварување на правата од работен однос.

За добивање правна помош членовите можат да се обратат во Советот на ССМ – Одделение за работни односи, правна заштита и колективно договарање, или во месното или најблиското до место на живеење регионално претставништво или канцеларија. Имено, покрај правниците во Одделението во неколку градови во ССМ се вработени посебни правни застапници на ССМ, меѓутоа добар дел од секретарите и координаторите на регионалните единици на ССМ се правници по струка и тие исто така во некои случаи овозможуваат правна заштита. Во секој случај членовите можат да се обратат на било кое место во целата мрежа на ССМ, каде ќе добијат информации за натамошните постапки.

Лица кај кои членовите можат да се обратат или да се информираат за добивање правна помош:

Скопје Лиле Петрова и Даница Михајлова
(Одделение за работни односи, правна заштита и колективно договарање)
тел. 3134-622
Битола Љупчо Василевски, правен застапник  
Делчево Трајан Митевски, секретар на РСП 072/307-645
Берово Димитар Гугушевски, координатор на СК моб. 072/307-640
Кавадарци Стојко Муџевалевски, секретар на РСП моб. 072/307-646
Куманово Гордица Бошковска, правен застапник тел. 031/412-433
Охрид Драган Цветаноски, секретар на РСП моб. 072/307-652
Прилеп Лазар Ангелески, секретар на РСП моб. 072/307-653
Гостивар Новица Алексиевски, правен застапник  
Струга Радован Ивановски, координатор на СК моб. 072/307-658
Радовиш Зорка Андова, координатор на СК моб. 072/307-655
Струмица Васил Глигоров, правен застапник моб. 072/307-659
Гевгелија Милева Карагонова, правен застапник моб. 072/307-644

 

ВИДОВИ ПРАВНА ПОМОШ

  • Давање правни совети;
  • Изготвување приговори, барања, молби;
  • Поднесување поднесоци до друштвата и установите каде членовите се вработени;
  • Обраќања и други барања до Државниот инспекторат за труд, Управниот инспекторат, народниот правобранител и други државни органи и институции;
  • Приговори до соодветните органи;
  • Изготвување тужби и водење судски постапки;
  • Изготвување поднесоци во врска со судските процеси;
  • Редовни и вонредни правни лекови.
Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.