Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Кампања “Приближи го синдикатот до младите луѓе“

Сојузот на синдикатите на Македонија и Секцијата на млади на ССМ, започнуваат кампања “Приближи го синдикатот до младите луѓе“ со цел подобро запознавање на младите луѓе со нивните права од работен однос и приближување на синдикатот до нив, преку градење на идејата за солидарност, заедништво и заедничка борба за подобра иднина.

Оваа Кампања е соработка помеѓу младинските структури на најголемите синдикални сојузи во Република С. Македонија и Романија (Сојузот на синдикатите на Македонија и C.N.S.L.R. Frăția), со придонес на младинската мрежа на PODKREPA, Бугарија, а e финансиски поддржан од Фондацијата Фридрих Еберт.

Во време на светска здравстена и економска криза, се покажа уште еднаш дека младите луѓе, како во нашата земја, така и во останатите европски земји се соочуваат со огромен број на проблеми и предизвици кога станува збор за нивните права од работен однос. Според информациите кои ги имаме, во нашата земја од почеток на здравствената криза, 35.318 луѓе останаа без работа, а речиси 34% од нив се млади лица под 29 години, што претставува загрижувачка ситуација, имајќи го предвид фактот дека најголем дел од младите кои го загубиле своето работно место имале договори за вработување на определно работно време и истите не биле синидкално организирани.

За таа цел, преку креирање на овие материјали сакаме да допреме до младите луѓе и да ја подигнеме свесноста за значењето и улогата на синдикатите во одбрана на работничките права, како една од единствените легитимни организации на сите вработени.

Најавата за видеото може да ја погледнете на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=oN6u5C9yhyc

А, целосното видео:

https://www.youtube.com/watch?v=TuyxUIbuKpo

 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.