Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 18 АВГУСТ, ДЕНОТ НА АРМИЈАТА

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски во името на Сојузот на синдикатите на Македонија и во свое лично име, на сите припадници на армијата и на членовите на Синдикат на Одбраната и Безбедноста - СОБ, го честита 18 август, Денот на Армијата.

Ангажираноста на армијата, за помош и поддршка во овие исклучително сложени услови, предизвикани од заразната болест КОВИД-19, нивниот ангажман за спасување на шумското богатство и спасувањето на човечки животи и спречување на настанување на материјална штета од големи размери, справувањето со предизвиците од бегалската криза и одбрана на Државата, претставува пример за подготвеност, обученост и лојалност и се потврда дека Армијата е тука секогаш кога е најпотребно.

Професионализмот и придонесот на припадниците на армијата, претставува пример за сите останати, а нивниот труд треба секогаш да биде вреднуван, почитуван и наградуван.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.